Свет
Четири убиства во Мексико
Полицијата во саботата пронашла тела на двајца мажи на автопатот надвор од мексиканскиот пацифички брег, влизу монденското одморалиште Акапулко во саботата
Министерсвото за јавна безбедност на сојузната држава Гереро соопштоло дека дека двајца мажи биле застрелани во главите и на нив била оставена порака напишана рачно.Телото на трет човек беше пронајден во Сиудад Алтамирано, град во внатрешноста на Гереро во близина на границата со соседната држава Мичоакан. Ова тело било испокасапено, и му недостигале главата и нозете, што е вообичаената порака на нарко картелите во меѓусебната борба за завладување на црниот пазар со дроги. И крај ова тело најдена порака, но полицијата ретко ги открива нивните содржини. Во саботата, исто така, во северниот дел на Мексико бил убиен еден полицаец а двајца други беа ранети кога во заседа во градот Ногалес кој е другата страна на границата со американската сојузна држава Аризона каде има град со истото име. Полицијата од државата Сонора, соопшти дека нејзиние полицајци биле лажно повикани за наводен грабеж во продавница за пиво, кога вооружени лица отвориле врз нив оган.По војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Во 2006 г. претседателот Фелипе Калдерон ја ангажираше и армјата со 50 илјади припадници, во запирање на крвопролевањата. Но тоа не помогна, туку и полцајците и војниците и нивните семејства станаа цели на бруталните банди Во војната од 2006 г. досега во пресметките во Мексико се убиени околу 17 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

