Свет
Убиен водачот на Абу Сајаф
Водачот на исламистичкото движење на Филипините, Албадер Парад и уште шест бунтовници се убиени во судирот со војската
Исламистичките бунтовници од Абу Сајаф се кријат во шумите на островите во југот од Филипини, и главни активности им се грабнување странци и христијани по што бараат откупи. Парад бил ликвидира во судир со војската кај селото КАраван на островот Јоло.Филипнските власти ги обвинуваат за поврзаност со Ал Каеда и групата Џама Исламија, која во 2002 г. изврши напад на индонезискиот остров Бали кога загинаа 202 лица. Албадер Парад ја водел групата бунтовници која грабна на тројца службеници на Црвениот крст на островот Јоло уште минатата година.Властите сметаат дека со неговата ликвидација ќе им се нанесе тежок удар на бунтовниците кои сакат да изборат независниот за јужниот дел од Филипини каде доминира муслиманското население. САД за неговота апсење нудеа милион долари, сметајќи го за многу опасен терорист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

