Свет
5 милиони долари за заложници на Ал-каеда
Шпанија ќе исплати пет милиони долари за слободата на тројцата заложници на Ал-Каеда, објавија шпанските медиуми.
„Ослободувањето на тројцата заложници може да се случи во секој момент“, соопшти претставник на шпанското Министерство за внатрешни работи.Шпанските власти со посредство на Мали постигнаа договор со терористичката организација Ал Када во Исламски Магреб за ослободување тројцата шпански заложници за цена од пет милиони долари.Договорот беше склучен непосредно по објавувањето на видео снимката на која се гледа дека Алисија Гамес, Роке Пасквал и Алберт Вилалта, грабнати 29 ноември минатата година, на се живи и здрави.Ал Каеда во Исламски Магреб е дел од терористичката мрежа Ал-КАеда на Осама Бин Ладен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

