Свет
Авион-затвори на CIA слетувале во Полска
Дневниците на летови кои ги презентирале полските функционери потврдуваат дека авионите на CIA слетувале во Полска во текот на 2003 г.
Станува збор за летови за кои организациите за човекови права се сомневаат дека биле употребувани за префрлување на осомничените за тероризам од Авганистан на тајни и локации во источно европски држави и во некои азиски земји.Дневниците на полската агенција за воздухопловен сообраќај покажуваат дека авионите кои ги изнајмувала централната разузнавачка агенција на САД најмалку шест пати слетале во Полска во текот на 2003 г., соопштија претставници на Open Society Justice Initiative и на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Тие го бараа обелоденувањето на овие дневници според полскиот закон за слобода на информирањето.Според дневниците, во Полска на тајни локации долетале пет авиони од авганистанскиот главен град Кабул и еден долетал од Мароко. Според Дорота Пудзиановска oд полскиот Хелсиншки комитет, ова претставува голем напредок. Таа додала дека особено е важно што овие информации дошле од државните агенции а не од анонимни извори.Организацијата Human Rights Watch чие седиште е во Њујорк во својот извештај од 2005 г. тврди дека во Полска имало тајни затвори на CIА во кои биле префрлувани осомничени за тероризам од Авганистан. „Потврдувањето на тоа дека во Полска слетале авиони поврзани со CIA, не докажува дека во Полска имало нејзини затвори“, рекол Адам Боднар од Хелсиншкиот комитет. Тој рекол дека не може да тврди 100-отстотно но дека 98 отсто е сигурен и побарал од полските власти да дадат целосна информација за полската улога во контроверзниот транспортот на осомничени. И Македонија беше вмешана во еден ваков случајГерманскиот државјанин со либанско потекло Калед ел Масри ја тужи Германија, бидејќи државата формално не побарала екстрадиција на агентите на CIA кои според него во 2003 г. го киднапирале во Скопје. Против Македонија засега нема никаква постапка. Во тужбата против германската влада се вклучи и Европскиот центар за уставни и човекови права, кој утврдил дека на eл Масри му се прекршени основните права и човекови слободи. Адвокатите на Ел Масри во САД поднесоа тужба за надомест на штета, но таа беше одбиена. Во Германија, пак, е поведена кривична постапка против агентите на CIA. По нив е издадена потерница, но формално Германија никогаш од САД не побарала нивна екстрадиција. Случајот eл Масри го отвори прашањето за тајните затвори на CIA, но целата работа остана неразјаснета.Четириесет ишест годишниот Калед ел Масри тврди дека на 31 декември 2003 г. на граничниот премин Табановце од македонски службени лица бил симнат од автобус, потоа однесен во скопскиот хотел „Скопски мерак“ каде што бил држан во заложништво 21 ден. Оттаму преку скопскиот аеродром бил предаден на лица, наводно агенти на CIA, кои со авион го пренеsле во Авганистан. Таму бил држен во затвор пет месеци, a бил испрашуван под сомнение дека е припадник на Ал Каеда. Откако Американците констатирале дека направиле грешка и дека во заточеништво држат погрешен човек, а не озлогласениот водач на франкфуртската келија на Ал Каеда кој имал исто име и презиме, тие го вратиле во Албанија од каде што експресно бил екстрадиран во Франкфурт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

