Свет
Њујоршкиот терорист ја призна вината
Наџибулах Зази, кој во САД се доселил од Авганистан, ја признал вината за учество во заговор за изведување бомбашки напади во њујоршкото метро во септември 2009 г. на годишнината од нападите на 11-ти септември 2001
Наџибулах Зази кој работел како возач на минибус на меѓународниот аеродром Денвер во Колорадо, на рочиштето пред сојузниот судија Рејмонд Диери во њујоршкиот кварт Вруклин, се изјаснил како виновен според обвинението за заговор со цел да употреби оружје за масовно уништување, заговор за извршени убиства надвор од САД и за давање материјална поддршка за Ал Каеда.Со постигнувањето договор со обвинителството за признавање на вината, тој може да биде осуден на казна доживотен затвор според признаената вина од обвинението. „Ќе се жртвував самиот за да го привлечам вниманието на тоа што го прави американската војска против цивилите ов Авганистан“, изјавил пред судот Зази, пренесе електронското издание на The Wall Street Journal.Зази покрај тоа изјавил дека патувал во Катар и во Пакистан во пролетта и летото 2008 г. со други луѓе, со намера да се приклучат на талибаните и да учествуваа во борбите против американските војници во Авганистан. Додека престојувал во Пакистан го регрутирала Ал Каеда и добил оружје и обука во нејзин камп. Исто така, научил и како да изработи експлозивна направа.Кога се вратил во САД во јануари 2009 г, Зази почнал да испитува каде може да купи материјал за изработка на бомби. Тој сведочел дека со автомобил дошол во Њујорк во септември 2009 г., носејќи експлозив и други материјали за изработка на бомби, и се надевал дека заедно со другите ќе ги псотави во подземната железница. Додека престојувал во Њујорк, тој сфатил дека е набљудуван од полицијата и други тајни служби па го фрлил експлозивот и другите материјали за бомба. Уапсен е неколку денови откако се вратил во Колорадо.Неговиот татко Мохамед Вали Зази кој е обвинет посебно за опструирање на правдата, претходно во февруари се изјаснил дека не е виновен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

