Свет
Нови 19 убиени во војната на мексиканските картели
Американската влада ги предупреди своите граѓани да ги избегант патувањата во Мексико, откако минатите три дена во престрелки беа убиени 19 лица, а само во еден зафрлен град во јужниот дел од земјата беа убиени 13 лица
Американскиот конзулат во Монтереј издаде соопштение со кое ги рпедупредува американските граѓани да ги одбегнуваат патувањата во овој дел од Мексико, откако во Нуево Ларедо зачестија извештаите за зголемено насилство. Имено 19 лица, меѓу кои војник и полицаец, се убиени последниве три дена во престрелки во државата Тамаулипас, во непосредна близина на Нуево Ларедо. Мексиканските сили имаа неколку директни судири оваа седмица со членови на банди во неколку области на Тамаулипас, изјавил заменикот-јавен сржавен обвинител Хернан де ла Гарза. Тој додал дека во вторникот вооружени лица нападнале полициска станица во градот Мигел Алеман, при што шест лица се водат за исчезнати, а се претпоставува дека киднапирани.Вестите за жестоките сидири меѓу бандите и со безбедносните сили, предизвикале локалното население да остане во домовите, а десетина училишта во Нуево Ларедо и Матаморос да ја завршат наставата порано или да ја откажат, г луѓе останаа надвор на улици и две десетина училишта наставата заврши рано. Информациите за престрелките во јавноста стигнуваат преку електронска пошта или преку соопштенија на социјалните мрежи.Досега во државата Тамаулипас имаше само спорадични сидури меѓу локалните банди и нарко картелите, но последните денови и таму насилството е во пораст. Во средата мексиканските маринци соопштија дека тојца нивни припадници загинале во престрелка која се случила уште на 8-ми февруари со локалните банди, при што биле убиени и тројца осомничени бандити.Во јужниот дел на државата на Оахака во вторникот, пак, маскирани напаѓачи киднапирале неколку полицајци од контролен пункт во Сан Висенте Камолате, потврдиле државни функционериВооружени лица нападнале и куќа на виден локален ранчер Алфонсо Масиел, при што тој бил убиен, како и пет други лица, меѓу кои и неговиoт малолетен син. При полициската потера и судирот со напаѓачите, загинале три локални полицајци а еден е најверојатно киднапиран, соопштила мексиканската полиција.Постојат сомневања дека Масиел се занимавал со недозволена трговија со дроги, соопштиле влади ни извори. Владини извори изјавиле дека група од 30 до 40 напаѓачите биел во пет-шест возила со регистарски таблички од соседната држава на Веракрузс, територија која е контролирана од ткн. Заливски каретел, едена од најорганизираните најозлогласените по бруталноста во пресметката со ривалите. Оaxaca инаки досега беше релативно мирна држава на мексиканскиот пацифички брег, која се сметаше за послабо користен коридор за трговијата со дрога.Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон и’ се обрати на јавноста по драматичниот пораст на насилствата последните денови, децидно демантирајќи дека владата ја поттикнува војната меѓу нарко картелите.„Станува збор за неверојатни измислици, лажни и злонамерни, а јас не знам кои се мотивите што стојат зад тоа. Оваа администрација води војна со сите нарко картели, без никакви разлики“, изјавил Калдерон.Неговата реакција доаѓа откако Заливскиот картел во Нуево Ларедо објави јавни огласи дека претседателот Калдерон и неговата администрација го фаворизираат исто така озлогласениот Синелоа картел кој е осомничен за многу крвави маскари од минатото. Заливскиот картел и картелот Ла Фамилиа, пак во последно време се осомничена како извршители на повеќе грозоморни убиства врз своите ривали и врз припадници на полицијата и патролите на восјката.Во посебно сооопштение, Министерството за внатрешни работи на Мексико објави дека во времето на администрацијата на Кладерон се уапсени околу 72 илајди луѓе уапсени, од кој 27 отсто му припаѓале Заливскито картел, а повеќе од 24 отсто на картелот Синелоа. Но во војната меѓу бандите за превласт на територијата, насилството не се намали ниту откако беа ангажирани и силни федерални и воени единици. Во 2006 г. претседателот Фелипе Калдерон ја ангажираше и армјата со 50 илјади припадници, во запирање на крвопролевањата. Но тоа не помогна, туку и полцајците и војниците и нивните семејства станаа цели на бруталните банди Во војната од 2006 г. досега во пресметките во Мексико се убиени околу 17 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: САД ги притискаат Русија и Украина да ја прекинат војната пред летото
САД сакаат Москва и Киев да најдат решение за тоа како да се стави крај на војната во Украина пред летото, изјави претседателот Володимир Зеленски. Неговата изјава ја пренесе „Ројтерс“.
Во изјава за новинарите објавена од неговиот кабинет денес откога Украина и Русија одржаа дводневни разговори со посредство на САД во Абу Даби оваа недела, Зеленски рече дека Вашингтон предложил разговори во Мајами за една недела и дека Киев се согласил со тоа.
Зеленски, исто така, ја критикуваше Русија поради нападот врз украинските енергетски постројки извршен преку ноќ, велејќи во коментарите објавени на „X“ дека на Москва мора да ѝ се одземе можноста да го користи студеното зимско време како средство за влијание против Киев.
Фото:Депоситотос
Свет
Франција ги истражува поранешниот министер за култура и неговата ќерка за измама поврзана со Епштајн
Француските финансиски обвинители соопштија дека отвориле истрага против поранешниот министер за култура Џек Ланг и неговата ќерка Каролин Ланг под сомнение за „перење пари поврзано со сериозна даночна измама“ во случај поврзан со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија француските медиуми.
Се зголемува притисокот врз Ланг да поднесе оставка од функцијата претседател на Институтот за арапски свет во Париз, откако документите објавени од Министерството за правда на САД минатата недела покажаа дека Епштајн и Ланг повремено се допишувале помеѓу 2012 година и смртта на Епштајн во затвор во 2019 година.
Француските медиуми, вклучувајќи ги „Ле Монд“, „Ле Фигаро“ и „Медиапарт“, објавија дека прелиминарната истрага е отворена откако документите на Министерството за правда на САД открија години преписка и финансиски врски меѓу Ланг и Епштајн, вклучително и оние во странство.
Канцеларијата ја потврди истрагата, но не даде дополнителни детали.
Џек Ланг, кој негира какво било кривично дело, е повикан на сослушување од Министерството за надворешни работи, надзорниот орган на Институтот за арапски свет, културна и истражувачка институција која промовира разбирање на арапскиот свет.
„Џек Ланг беше државен министер, тој ќе донесе одлука со чиста совест“, изјави неговиот адвокат Лоран Мерле за француските медиуми, одговарајќи на повиците Ланг да ја напушти институцијата.
Името на Ланг се појавува повеќе од 600 пати во досиејата на Епштајн, според прегледот на документите од страна на Ројтерс.
Пред шест дена, ќерката на Ланг, Каролина, поднесе оставка од функцијата раководител на Францускиот синдикат на независни продукции откако се открија нејзините врски со Епштајн. Ланг вели дека тоа е неправда
„Џек Ланг верува дека презентирањето на фактите е многу неправедно, но тој е борец и ќе ги даде сите потребни објаснувања на неговото надзорно тело и на судовите за да докаже дека не бил вмешан во никакво недолично однесување или кривично дело што може да му се припише“, рече неговиот адвокат.
„Немаше трансфер на средства… Но, мислам дека е нормално судијата да сака да го испита тоа“, рече тој, додавајќи дека се надева оти обвинителот ќе дејствува брзо.
Објавувањето на документите ја интензивираше истрагата за глобалните врски на Епштајн со јавни личности, вклучувајќи го Британецот Ендрју Маунтбатен-Виндзор, помладиот брат на кралот Чарлс, и Питер Манделсон, поранешниот британски амбасадор во Соединетите Држави.
Фото:ЕПА
Свет
Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина, но без учество на Киев. Тој тоа го изјави на брифинг за новинари вчера, во време на засилени дипломатски активности насочени кон завршување на војната, при што веќе следната недела се очекува можено продолжение на трилатералните преговори помеѓу Украина, САД и Русија, веројатно на американска територија, пишува „Киев индипендент“.
„Со оглед на потенцијалните ризици, украинската делегација го пренесе ставот дека, ако и дојде до билатерални договори меѓу Русија и САД, одредбите што се однесуваат на Украина не смеат да бидат во спротивност со нашиот устав“, рече Зеленски, алудирајќи на територијални прашања.
Тој нагласи дека Киев добива сигнали за можно потпишување на билатерални документи помеѓу Вашингтон и Москва, вклучувајќи ги и оние за економска соработка.
Зеленски додаде дека Украина нема целосен увид во сите можни деловни аранжмани, но дека некои детали протекле низ разузнавачките канали. Како пример тој го наведе таканаречениот „Дмитриев пакет“, кој во САД наводно го претставил рускиот преговарач Кирил Дмитриев.
„Разузнавачите ми го покажаа таканаречениот ‚Дмитриев пакет‘ претставен во САД – вреди околу 12 трилиони долари“, рече Зеленски, опишувајќи го како предлог за обемна економска соработка меѓу двете земји. Тој додаде дека Киев забележал и знаци дека потенцијалните американско-руски документи можат да содржат одредби кои се однесуваат на Украина.
„Јасно велиме дека Украина нема да поддржи никакви договори за нас без нас“, заклучи тој.

