Свет
Русија ги запира туристичките летови во вселената
Русија во среда најави дека ќе ја запре својата програма на вселенски туризам, бидејќи ќе имаат тешкотии со превезување на професионалните екипажи на Меѓународната вселенска станица (ISS) откако САД решија да ја „пензионираат“ својата флота ракетоплани
Американската вселенска агенција NASA планира само уште четири летови на нејзините ракетоплани до Меѓународната вселенска станица, пред трајно да ги приземји своите три спејс-шатла. Русија која на станицата испраќа посади со своите еднократни бродови од типот „Сајуз“ со три членови на екипажот, затоа годинава ќе го дуплира бројот лансирања на четири бидејќи постојаниот екипаж од професионални астронаути на неодамна проширената станица ќе се зголеми на шестмина.„Годинава ќе биде последната мисија на ракетоплани и од тој момент Русија ќе стане не само единствената нација која таму ќе ги превезува екипажите, туку и единствената држава која ќе ја одржува безбедност ана екипажите“, изјави Сергеј Крикаљов, директор на рускиот центар за обука на астронаути на прес-конференција во Ѕвездениот град близу Москва. Крикаљов додал дека што се однесува до вселенските туристи, на вселенската станица ќе има шест астронаути, па оттаму ќе биде според него невозможно да се превезуваат туристи во време кога треба да се направат смените на екипажите, па затоа и овие комерцијални летови извесно време нема да се извршуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

