Свет
Шест загинати во автобуска несреќа
Шестмина загинале а најмалку 15 лица се повредени во несреќа на патнички автобус кој се судрил со друго возило во петок, соопштила полицијата во Феникс
Како што пренесуваат локалните медиуми, меѓу повредените се и 11 и 16-годишни момчиња. Најтешко повредените биле транспортирани во болниците со хеликоптер. Портпаролот на полицијата во Феникс, Барт Грејвс, потврдил дека загинале четири жени и двајца мажи.Несреќата се случила кога автобусот во кој имало 21 патник налетал на патнички автомобил кој се движел во истата насока. Возачот изгубил контрола над управувачот и автобусот слетал од патот. Несреќата предизвикала уште два судара на автопатот, но за среќа во нив немало повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

