Свет
САД пуштаат во промет нова банкнота од 100 долари
САД планираат да пуштат во промет нова банкнота од 100 долари која ќе и биде претставена на јавноста на 21 април
На специјалната церемонија во Вашингтон, новата банкнота ќе биде претставена од страна на американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер, шефот на Федералните резерви Бен Бернанкe и директорот на американската тајна служба Марк Саливен.Владата на САД носи одлуки за смена на дизајнот на банкнотите по внимателната проценка на тековната состојба во врска со печатењето на фалсификувани пари, подсетуваат американските медиуми.„Сите американски банкноти и по пуштањето во промет на новата од 100 долари ќе останат законско платежно средство, независно од годината кога биле пуштени, така да нема да биде потребно менување на старите пари за нови“, соопштија американските власти.Презентацијата на новата банкнота од 100 долари со новиот дизајн ќе послужи како почеток на глобалната кампања за информирање на јавноста, пред истата да биде пуштена во промет.Банкнотата од 100 долари е најголемата парична единица во масовниот промет во САД. Околу две третини од сите банкноти со таа вредност се користат надвор од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

