Контакт

Свет

Австралија погодена од силни дождови и поплави

Објавено пред

Австралија е погодена од најголемите дождови во последните 120 години кои причинија поплави во североисточниот дел од континентот каде отсечени се неколку региони до сојузната држава Квинсленд, а штетата се проценува на повеќе стотици милиони австралиски долари

dobivaj vesti na viber

Премиерката на Квинслнд Ана Блај при посетата на погодените подрачја констатирала дека многу патишта се отсечени, а на некои места надојдените води ги однесле железничките линии. Во градот Сент Џорџ со 2.800 жители, биле поплавени 25 куќи а градот се спасил од целосна поплава бидејќи во текот на ноќта нивото на водите ненадејно опаднала. Но водата ги пробила насипите и ги отсекла местата како Талон, Болон и Диранбади во југозападниот дел од Квинсленд. Поплави има и во централниот дел од државата. Силната бура проследена со големи дождови и град во сабота го погодила и Мелбурн, главниот град на државата Викторија и предизвикала големи застои во сообраќајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Зеленски се огласи неколку часа пред разговорот меѓу Путин и Трамп

Објавено пред

Во пресрет на денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „Путин продолжува да ја одложува оваа војна“.

dobivaj vesti na viber

„Веќе една недела Путин не може да каже „да“ на предлогот за прекин на огнот“, рече Зеленски. Зеленски додаде дека американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот „се залага за спасување животи, дозволувајќи им на дипломатите да работат на обезбедување безбедност и траен мир – предлог што Русија го игнорира“.

„Секој ден од војната е прашање на човечки животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Х, повикувајќи на притисок врз Москва да ја прекине војната.

Прикажи повеќе...

Регион

Снаата на убиените во Чачак повикала полиција: пожарникарите влегле во станот низ прозорецот

Објавено пред

Јован (77) и Милица (72) Баковиќ синоќа околу 22 часот се убиени во семејниот стан во Чачак.

dobivaj vesti na viber

За убиството е осомничен нивниот син Михајло, а како што дознаваат медиумите, неговата сопруга повикала полиција.

„Беа прекрасни луѓе, синот им доаѓаше секој ден, не разбираме што можеше да се случи. Слушнав дека на Михајло му се слошило, но не знам за што се работи. Синоќа му се јавила сопругата, тој не одговорил. Ниту тие не се јавиле, па таа дошла во станот. Таа тропнала на вратата, но никој не одговорил, не знаела што се случило и ја повикала полицијата, која ги пронашол телата во станот“, изјавил соседот за медиумите.

Убиениот Јован бил лекар во пензија, според написите.

Припадници на МВР во Чачак го приведоа М. Б. (41) од Чачак поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство.

Како што беше дополнително соопштено, тој е осомничен за кривично дело тешко убиство и се сомничи дека со остар предмет ги убил родителите. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак, одредена му е мерка притвор до 48 часа, во кој рок со поднесување кривична пријава ќе биде изведен на распит во Обвинителството.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Објавено пред

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.

dobivaj vesti na viber

Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.

Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.

Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија48 минути

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија53 минути

(Видео) Мицкоски: Јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам пиар од сето ова

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција извести дека ги посетил пациентите повредени во пожарот во Кочани, хоспитализирани во Скопје. На...

Македонија2 часа

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија2 часа

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија2 часа

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија3 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија4 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион5 часа

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија6 часа

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион6 часа

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија16 часа

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...

Македонија19 часа

Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно. Во пожарот, животот...

Македонија20 часа

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија21 час

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија23 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија23 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија23 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија1 ден

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија1 ден

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...