Свет
Апели за итен престанок на меѓуверските насилства во Нигерија
Хјуман рајтс воч во вторникот побара од Нигерија да ги гони оние коишто стојат зад масакрот на најмалку 200 христијански селани и да се стави крај на меѓуверските крвопролевања
Жителите на селото Дого Нахава, околу 15 километри, јужно од централниот град Хос, главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ, во масовна гробница ги погребале телата на десетиците убиени меѓу кои има и деца и жени, жртви на масакрот што викендов го извршија муслиманските фармери врз христијанските земјоделци.Сведоци на масакрот од селото Дого Нахава, Зот и Ратсат, кои се претежно христијански населби, јужно од Хос, за Reuters во неделата изјавија дека муслиманските овчари Фулани од околните ридови утрото околу 3 часот нападнале пукајќи во воздух а потоа сечејќи ги со мачети оние кои излегле одс своите домови. Според се’ уште нецелосните процени, во овој напад се убиени најмалку 200 лица од двете страни. Очевидец на Reuters соопшти дека видел околу, додека некои локални организации вчера информираа за дури 500 жртви. Полицијата, пак, соопшти дека имало 55 убиени лица.Во јануари, во четиридневните насилства според официјалните податоци биле убиени 326 луѓе во Хос. Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 150 милиони, кои речиси по половина се христијани и муслимани.„Во насислтвата во државата изминатава деценија имаше илјадници мртви, но никој не е повикан на одговорност. Време е да се стави крај на тоа“, вели Корин Дуфка, виш истражувач за Западна Африка на Хјуман рајтс воч. Претседател Гудлак Џонатан, по немирите во јануари во Хос, вети дека одогворните ќе бидат изведени пред лицето на правдата, при што ќе се спроведе непристрасна истрага која ќе доведе до покренување обвиненија.Полицискиот портпарол, Мухамед Лерама, изјавил дека 93 лица се уапсени во врска со меѓуверските конфликти. Нигерискиот претседател, исто така, нареди распоредување на војската. Но од Хјуман рајтс воч забележуваат дека војниците се ангажирани главно по главните патни правци, така што не успеваат да ги заштитат помалите селски заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се спротивстави на нападите врз Иран што ги изведуваат САД и Израел, предупредувајќи дека со тие потези се „игра руски рулет со животите на милиони луѓе“.
Санчез се обрати откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со прекин на трговијата со Шпанија поради ставот на Мадрид за конфликтот.
„Така почнуваат големите катастрофи на човештвото. Не може да се игра руски рулет со судбината на милиони луѓе“, изјави Санчез во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу двата сојузника во НАТО се зголемија откако Санчез го осуди американско-израелското бомбардирање на Иран, нарекувајќи го непромислено и незаконско. Шпанија потоа забрани користење на американски авиони од поморските и воздушните бази во јужниот дел на земјата за напади врз Техеран.
Санчез порача дека светот не може да ги решава проблемите со конфликти и бомби и нагласи дека ставот на шпанската влада може да се сумира со зборовите „не за војна“.
„Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, изјави шпанскиот премиер.
Тој потсети и на последиците од американската инвазија на Ирак во 2003 година, која доведе до пораст на тероризмот и на цените на енергијата, додавајќи дека причините и последиците од нападот врз Иран исто така се нејасни.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави за шпанската телевизија ТВЕ дека нападот врз Иран нема цел да воспостави демократија и нагласи дека Шпанија е суверена држава која одлуките ги носи во согласност со меѓународното право.
Свет
Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме
Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави за иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.
Мохбер, кој претходно беше вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател на државата, истакна дека Техеран нема доверба во САД.
„Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, изјави тој.
Додаде дека Иран е подготвен да ја продолжи војната „колку што долго сака“.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

