Свет
„Приусот“ не му застанувал
Американските сообраќајни институции и компанијата Тојота испратиле истражители во Сан Диего да откријат што во понеделникот причинило да дојде до нагло забрзување на еден „приус“ кој го возел 61-годишник
Американскиот министер за сообраќај Реј Лахуд во вторник изјавил дека на вместото на инцидентот заминале двајца истражители од Националната управа за безбедност на патиштата, а во Калифорнија веќе од понеделникот била екипа истражители од сообраќајната полиција.Тојота издаде соопштение дека исто така испратила свои истражители.Џон Сикес во понеделникот возел по автопат која неговиот „приус“ одеднаш почнал неконтролирано да забрзува, а тој безуспешно се обидел да закочи. Сиот во паника тој веднаш го завртел бројот за итни случаи. Веднаш крај него дошло полициско возило преку чиј мегафон при веќе голема брзина му било објаснувано како да ја употреби рачната и обичната кочница и така да го забави возилото. Кога автомобилот доволно бил забавен, возачот го изгаснал моторот и полека успеал сосема да застане, додека полициското возило пред него го расчистувал патот. Целиот инцидент, според калифорниската сообраќајна полиција траел околу 90 минути. Сикес изјавил дека тој го однел својот автомобил во салон на Тојот откако дознал за јавниот повик за повлекување на 8,5 милиони возила на јапонскиот автопроизводител , но таму ми рекле дека неговиот модел не бил на списокот. Неконтролираното забрзување на возила на Тојота е доведено во поврзаност со најмалку пет смртни случаи од 2007 г. досега, а се истражуваат уште 47 вакви случаи.
Под истрага и „корола“
Американското министерство за сообраќај на 18-ти февруари отвори истрага за периодот од 2009 и 2010 г. за моделот „тојота корола“, кај кој се јавиле потенцијални проблеми хидрауликата. Со прелиминарната истрага се се испитуваат околу 500 илјада возила. И Toyota Motor Corp. претходно потврди дека примиле жалби за проблеми со хидрауликата на моделот „корола“ и како една од опциите што ги разгледуваат е повлекувањето на овие возила од американскиот пазар.Националната комисија за безбедност во сообраќајот на САД соопшти дека има примено околу 150 поплаки од возачите за истиот проблем за овој модел.Според американското министерство, бројката на жалби е мала во споредба со бројката продадени возила, а во истрагата ќе бидат земени предвид околу 363 илајди возила „тојота корола“ продадени во 2009 г, и 136 илјади „короли“ продадени само во јануари 2010 г.Во жалбите, возачите навеле дека ја губат контролата над управувачот на автомобилот, особено при поголеми брзини на отворен пат. Од производителот одговорија дека засега не им е јасно зошто се јавиле овие проблеми, но наведуваат дека може да биде поврзана со системот за сопирање или со гумите. Тие додаваат дека компанијата води внатрешна истрага но сè уште не била направен прелиминарнито извештај, но „Тојота“ изјави подготвеност да доколку се најдат дефекти целосно да бидат обесштетени сопствениците на таквите возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Превозниците од Србија донесоа одлука: прекината блокадата на граничните премини
Превозниците од Србија денес ќе престанат да го блокираат товарниот сообраќај на премините, изјави за Танјуг претседателот на Меѓународното транспортно деловно здружение, Неѓо Мандиќ.
„Сега ги информираме нашите редари кои се на границите да ги отстранат камионите што беа на чело на конвојот, за да може сообраќајот да се движи. Значи ги прекинуваме протестите“, рече Мандиќ по состанокот.
Превозниците од Црна Гора и Северна Македонија вчера ги прекинаа блокадите откако Европската комисија објави нова визна стратегија што ќе го реши проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната, а сè уште се чека одлуката на превозниците од БиХ дали ќе донесат иста одлука, пренесуваат медиумите во соседството.
Мандиќ вели дека транспортерите од Србија донеле одлука за прекин на блокадите еден ден откако Европската комисија почнала да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионалните возачи на камиони, што би им овозможило да останат подолго во земјите од ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.
„Одлуката ја донесовме по вчерашното соопштение, бидејќи она што го добивме е доволно добар пат и она што го сакавме. А од друга страна, секако имаме ветување дека ќе има состанок на работната група во Брисел веќе во вторник, 3 февруари. Исто така, имаме дневен ред кој го содржи само она што дополнително го бараме, да донесеме краткорочни и долгорочни решенија сè додека не се спроведе она што е предвидено. Она што го сакаме се решенија за возачите повеќе да не бидат малтретирани или апсени“, рече Мандиќ, пренесува Танјуг.
Меѓународното транспортно бизнис здружение објави дека денес во 15 часот ја прекинале блокадата на товарниот сообраќај на премините и дека ќе продолжат да превезуваат стока.
Во соопштението се проценува дека секое понатамошно продолжување на нарушувањето на синџирите за товарен транспорт би ги ставило домашните производствени компании и граѓаните во тешка положба.
„Апелираме до Европската комисија, земјите-членки на Шенген, бизнисмените од Европа, сега свесни за важноста на непрекинатите транспортни синџири, да помогнат да се спречат повторно несфатливите апсења и депортации на нашите возачи. Очекуваме помош од другата страна и однос што го заслужуваат луѓето кои, во вонредни ситуации како што е пандемијата, беа единствените што носеа стока до сите нас во Европа. Да не чекаме додека не останеме без нив. Синџирите на снабдување не смеат повторно да бидат прекинати“, беше кажано од здруженијата, според написите.
Се чека одлуката на превозникот од Босна и Херцеговина
Мандиќ рече дека сè уште не добиле одговор од нивните колеги од БиХ дали и тие ќе ги суспендираат блокадите, но дека очекува тие да донесат иста одлука.
„Само чекаме нивен одговор, иако седевме со нив до 22 часот синоќа, 10 од нив беа таму и мислиме дека ќе донесат иста одлука, но тие не го направија тоа и не можат да кажат што ќе одлучат нивните тела, но веруваме дека ќе го одлучат истото“, истакна Мандиќ.
Во вторник, на 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот со транспортерите од регионот во Шенген зоната, пренесуваат медиумите.
Свет
Трамп ја тужеше сопствената администрација: бара 10 милијарди долари
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги тужеше Министерството за финансии на САД и УЈП за 10 милијарди долари поради објавувањето на неговите даночни пријави во медиумите во текот на 2019 и 2020 година.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Мајами од Доналд Трамп, неговите возрасни синови Доналд Трамп помладиот и Ерик Трамп, како и компанијата што го носи неговото име, се наведува дека агенциите не презеле „задолжителни мерки на претпазливост“ за да го спречат поранешниот вработен во Даночната администрација, Чарлс Литлџон, да ги предаде своите даночни пријави на „левичарските медиуми“, вклучувајќи го и Њујорк Тајмс, објавува денес Гардијан.
Тужителите изјавија дека претрпеле „значајна и непоправлива штета“ на нивниот углед и финансиски интереси и дека можат да бараат казнена отштета бидејќи истекувањето на информации било намерно или резултат на груба небрежност.
Овој случај го става Доналд Трамп во необична позиција да тужи владини агенции кои се дел од извршната власт, која тој ја раководи, пишуваат медиумите.
Во тужбата поднесена вчера, Трамп наведува дека „Њујорк тајмс“ објавил најмалку осум статии врз основа на информации што им ги дал Литлџон.
Се додава дека протекувањето на информации „предизвикало штета на угледот и финансиите, јавен срам, неправедно го нарушило нивниот деловен углед, ги претставило во лажна светлина и негативно влијаело врз претседателот Трамп и јавниот углед“ на другите тужители, пренесува Танјуг.
Свет
Русите ја погодија фабриката на „Филип Морис“ во Харков со ракета
Дел од фабриката „Филип Морис“ во Харков беше оштетен во синоќешниот руски ракетен напад, објави украинската филијала на компанијата, пренесува „Украинска правда“.
Службите за итни случаи се на местото на настанот, а гаснењето на пожарот е во тек. Според првичните извештаи, нема жртви во нападот.
Компанијата изјави дека фабриката во Харков не работи од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година. Во 2024 година, „Филип Морис“ отвори нова фабрика во регионот Лавов, каде што беа преместени 250 вработени од фабриката во Харков.
Доцна синоќа Русите ја нападнаа Украина со балистичка ракета „Искандер-М“ и 111 борбени беспилотни летала од типот „Шахед“, „Гербера“, „Италмас“ и други. Соборени се 80 беспилотни летала, но регистрирани се и погодоци.
фото/илустрација

