Свет
Отворено општество го тужи Берлускони
Институтот Отворено општество основано од американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур го изнесе случајот на италијанскиот премиер обвинувајќи го за контрола врз италијанските телевизии
Од Отворено општество соопштија дека ова е преземена со цел да се интервенира во долгата правна борба што на телевизиската куќа Centro Europa 7 која тврди дека повеќе влади речиси цела деценија го блокира нејзиното право на фреквенција што ја добила во 1999 г.Телевизијата тврди дека нејзините фреквенции незаконски се дадени на станицата Rele 4, која е дел од медиумскта група Mediaset, која е во сопственост на италијанскиот премиер Силвио Берлускони.Mediаset, пак, тврди дека Europa 7 којашто е основана од италијанскиот бизнисмен Франческо Дистефано, нема право на фреквенцијата.„Овој случај го покажува на пропустот на повеќето италијански влади да го решата прашањето на концентрираниот надзор и конфликтот на интересите во емитувањето“, изјавил Џејмс Голдстон од Правна иницијатива на Отворено општество за Reuters.Голдстон нагласил дека „италијанската ситуација е неснослива за демократијата“ и дека апелираат до Европскиот суд во Стразбур да го поддржи начелото на медиумски плурализам. Се очеквуа дека Европскито суд за човекови права може да донесе пресуда за вој случај во следните неколку месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се истражува случајот со жената што донесе мртовец во банка за да подигне кредит, стинаа резултатите од обдукцијата
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела во банка мртов маж за кој велела дека ѝ е вујко за да подигне кредит.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро му ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата рекоа дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе ѝ го одобрила, но било потребно одобрение и од вујкото. Мажот од видеото не реагирал на барањата на жената. Додека се обидувала да му го даде пенкалото, неговата рака се спуштала, а главата му паѓала назад, пишува Си-ен-ен.
„Вујко, слушаш, мораш да потпишеш. Ако не потпишеш, нема шанси. Не можам да потпишам јас, мораш ти. Ајде не прави проблем, направи го тоа“, се слуша како му вели жената. Еден од вработените во банката во тој момент рекол дека постарата личност, најверојатно, не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција во Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа. Полицијата води истрага и се обидува да утврди каква е точно поврзаноста на осомничената и починатиот маж, а засега не е поведено обвинение.
Адвокатот на семејството го демантира полицискиот извештај:
„Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банката. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“, рече тој.
Обдукцијата откри нови детали
Бразилскиот медиум „Метрополес“ добил извештај од обдукцијата што укажува дека смртта на мажот била предизвикана од бронхоаспирација и срцева слабост. Утврдено е и дека бил неисхранет.
„Таквите податоци ги потврдуваат некроскопските наоди за неисхранетост и бронхоаспирација. Претходните срцеви заболувања исто така придонеле за смртта“, се вели во извештајот.
Судскиот совет ги чека резултатите од дополнителното испитување за да се утврди дали мажот бил отруен.
„Бизнис-инсајдер“ известува дека експертот што ја потпишал прелиминарната форензичка анализа заклучил дека нема доволно докази за да се заклучи дали Пауло починал на пат кон или внатре во банката или, пак, починал пред тоа.
Меѓутоа, обдукцијата покажала дека згрутчувањето на крвта во неговиот врат сугерирало дека тој умрел легнат.
Адвокатот и натаму тврди дека неговата клиентка е невина, а нагласува и дека има сведоци. Истрагата продолжува.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот Исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности што би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и со претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.
Свет
Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-ен-ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел сѐ уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.