Свет
Најмалку 20 загинати во експлозиите во Пакистан
Најмалу 20 лица загинале, а повеќе од 25 се ранети во двете експлозии кои одекнаа денеска во пакистанскиот град Лахоре, јавија светските медиуми
Експлозиите одекнале на пазар во воениот дел на густо населениот град, а досега никој не превзел одговорност за нападот. Пред четири дена во Лахор одекна експлозија во која загинаа 15 лица, а одговорноста за нападот ја презедоа талибанските милитанти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан до Зеленски: Условите за пристапување во ЕУ ги диктираат земјите-членки
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му се обрати на украинскиот претседател Володимир Зеленски и изјави дека „земјите-членки ги одредуваат условите, а не земјите-кандидатки“.
„Почитуван господине претседателе, вие сте на погрешен пат. Приклучувањето кон ЕУ е процес базиран на заслуги“, напиша Орбан на својот профил на платформата „Икс“.
Неговиот коментар беше одговор на зборовите на украинскиот лидер дека е важно Украина да стори сè што е можно за да биде технички подготвена да се приклучи кон ЕУ до 2027 година.
„Сакам конкретен датум. Ако нема датум договорот што Америка, Русија – особено Путин, јас како претседател на Украина и Европа го потпишуваме, тогаш Русија ќе стори сè за да го блокира процесот“, објасни Зеленски.
Според „Политико“, ЕУ развива план што би можел да ѝ одобри на Украина делумно членство во блокот уште следната година. Овој план Орбан вчера го нарече „воен план“.
Свет
Зеленски: Сакам конкретен датум за ЕУ
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика секој мировен договор што би ставил крај на војната во Украина да содржи конкретен датум за пристапување кон ЕУ, објави ДПА.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“ синоќа, Зеленски рече дека Киев ќе направи сè за да биде технички подготвен да се приклучи на ЕУ до 2027 година и дека земјата ќе ги постигне барем главните чекори кон членство.
„Сакам конкретен датум“, напиша украинскиот претседател, цитиран од БТА.
It is important that Ukraine will do everything to be technically ready for EU accession by 2027. At least the main steps we will accomplish.
I want a specific date. If in the agreement, under which America, Russia – specifically Putin – I as President of Ukraine, and Europe…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 11, 2026
Зеленски предупреди дека доколку договорот што треба да го потпишат САД, Русија, Украина и Европа не вклучува конкретен датум за членство, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски претставници, наместо да дејствува независно.
Тој го опиша членството во ЕУ како безбедносна гаранција за Украина, нагласувајќи ја потребата од специфични детали и фиксен рок.
Зеленски се залагаше за пристапување во ЕУ во 2027 година кон крајот на јануари, и покрај скептицизмот меѓу европските земји. Тој во тоа време рече дека членството на Украина во ЕУ е една од клучните безбедносни гаранции „не само за нас, туку и за цела Европа“.
Свет
(Видео) Израел нов член на Одборот за мир на Трамп
Израел се приклучи на Одборот за мир, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп, објави вчера премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп и државниот секретар Марко Рубио, пренесува Ројтерс.
По средбата со Рубио, беше објавена снимка на која Нетанјаху потпишува документ за пристапување на Израел во одборот. Нетанјаху подоцна потврди на социјалната мрежа Икс дека „го потпишал пристапувањето на Израел како член на Комитетот за мир“. Потоа разговараше за Иран со Трамп.
Met with U.S. Secretary of State @marcorubio at Blair House in Washington.
Ahead of my meeting at the White House with President Trump, I signed Israel’s accession as a member of the “Board of Peace.”
We will continue strengthening the unbreakable alliance between Israel and… pic.twitter.com/CJ4Lw92WdX
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) February 11, 2026
Одборот е овластен со резолуција на Советот за безбедност на ООН, усвоена кон средината на ноември, да воспостави меѓународни сили за стабилизација во Газа. Кревко примирје во регионот започна во октомври според планот на Трамп, потпишан од Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Според планот, одборот би требало да ја надгледува привремената администрација во Газа. Трамп потоа објави дека одборот, со кој тој претседава, ќе се прошири за да се справи со глобалните конфликти. Првиот состанок на одборот ќе се одржи на 19 февруари во Вашингтон, а темата ќе биде обновата на Газа.

