Свет
Нови експлозии во Пакистан
Нови експлозии се случија попладнето во Пакистан, откако изутрината во двоен самоубиствен напад загинаа 48 луѓе, а најмалку 90 беа повредени
Според агенциите, во серијата од пет експлозии, во градот Лахоре, што се случиле за еден час, нема повредени, но е причините материјална штета.Денешниот двоен напад во Пакистан беше четврти поголем што се случи оваа недела, а од 2007 година во таа земја во самоубиствени напади беа убиени над три илјади луѓе. За повеќето напади се обвинува Ал Каеда, односно талибанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мексиканскaта претседателка до Трамп: Северна Америка би можела да се вика Мексиканска Америка
Мексиканската претседателка, Клаудија Шејнбаум, денеска изјави дека Северна Америка, вклучително и Соединетите Американски Држави, може да се преименува во „Мексиканска Америка“ – историско име што се користело во раните мапи на регионот – како одговор на најавата на Доналд Трамп дека ќе го преименува Мексиканскиот Залив во Американски Залив бидејќи убаво звучи.
„Мексиканска Америка, тоа звучи убаво“, рече Шејнбаум, покажувајќи на мапата од 1607 година на која е прикажана Северна Америка под тоа име. Претседателката, која во последните недели се расправа со Трамп, ја искористи прес-конференцијата за да зборува за историјата, со помош на старите мапи и поранешниот министер за култура Хозе Алфонсо Суарез дел Реал.
„Факт е дека Мексиканска Америка е препознаена од 17 век како име за целиот северен дел на американскиот континент“, рече Суарез дел Реал, покажувајќи ја областа на мапата. Во врска со Мексиканскиот залив, Суарез дел Реал рече дека името е меѓународно признато и се користи стотици години.
Трамп вчера зборуваше за преименување на заливот што се протега од Флорида во Канкун, Мексико, на прес-конференција за време на која презентираше широка експанзионистичка агенда, вклучително и можност за преземање контрола врз Панамскиот канал и Гренланд.
Свет
Изгоре автобус кој возел од Минхен до Австрија: патниците спиеле, извлечени се во последен миг
Чад избувна во задниот дел на патнички автобус на пат од Минхен кон Австрија, но благодарение на брзата реакција на возачот, сите патници го напуштија возилото пред да избие пожар внатре, објави денеска весникот „Билд“.
Инцидентот се случил на обиколницата на автопатот кај Минхен, а никој од 52-та патници не е повреден. Автобусот целосно изгорел, а причината за пожарот се уште не е позната.
По пожарот привремено беше затворен дел од обиколницата на автопатот за чистење.
Порталот „Васербург24.де“ пишува за огнениот пекол кој го зафатил автобусот, наведувајќи дека патниците избегале од возилото во последен момент.
Имено, според полициските информации, маж кој возел на автопатот забележал како излегува чад во задниот дел од автобусот. Тој веднаш го запрел автобусот на страната на автопатот. Сите 52 патници, од кои повеќето во тој момент сè уште спиеле, и возачот успеале неповредени да излезат од возилото пред брзо да се запали и да избие пожар. После тоа автобусот целосно изгорел, додава порталот.
Свет
(Видео) Драматична снимка од пожарот кој голта се’ пред себе: „Ако добиете наредба за евакуација, сфатете ја сериозно“
Корисник на социјалните мрежи сподели видео од моментот кога тој и неговиот пријател ја напуштаат својата куќа во Калифорнија.
На видеото се гледа како пламенот ја зафатил куќата, околните дрвја и улицата додека две лица со маски за лице трчаат надвор.
Video of the moment my friend and I abandoned his house after we tried to save what we could. Please be praying for him and his family @orlylistens
Location: North of Rustic Canyon#cawx #PalisadesFire #fire #California pic.twitter.com/fie6Ywkmz3
— Tanner Charles 🌪 (@TannerCharlesMN) January 8, 2025
Др. Ариел Коен, главен метеоролог во Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес, рече дека Калифорнија се соочува со еден од најлошите шумски пожари во историјата.
Зборувајќи за силните ветрови што ги рашириле пожарите во текот на ноќта, Коен вели дека ова е „најуништувачката бура што ја виделе во последните децении“. „Зборуваме за ветрови со брзина до 160 км/ч кои шират пожари низ областа Лос Анџелес, создавајќи катастрофа“, нагласи тој.
Los Angles right now 7:23 a.m. pic.twitter.com/HFVjb1L5p2
— Annie Jacobsen (@AnnieJacobsen) January 8, 2025
„Ве молам сите, ако добиете наредба за евакуација, сфатете ја сериозно, вашиот живот зависи од тоа“, додаде тој.
Истакна дека ќе продолжи да дува силен ветер уште неколку часа и дека во моментов не се прогнозираат врнежи од дожд.