Свет
27 загинати во експлозии и престрелки во Кандахар
Четири експлозии одекнале вечерва во центарот на јужниот авганистански град Кандахар, по што се слушаат престрелки меѓу полицијата и милитанти,во кои загианле најмалку 27 лица а повеќе од 50 биле ранети
Началникот на кандахарската болница, Абдул Кајум Пикхла, изјавил дека во болницата биел донесени 27 тела меѓу кои има полицајци и цивили и уште 52 повредени лица. Официјални претставници на ирачката полиција потврдиле дека цел на најголемиот напад бил градскиот затвор во Кандахар кој е централната област на областа која ја контролираа талибаните и каде ќе биде изведена следната голема офанзива против од страна на силите на НАТО.Репортерот на Reuters јавил дека првата експлозија се случила во близина на зградата на полицискиот штаб а втората во близина на резиденцијата на Ахмад Вали Карзaи, полубраот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој е гувернер на повинцијата Кандахар.Заменикот на началникот на полицијата во Кандахар, Мохамад Шад Фаруки, за Associated Press изјавил дека експлозиите одекнале крај еден хотел, затворот, една џамија и кај важна раскрсница во самиот центар на градот. Ахмад Вали Карзаи, кој во време на нападот бил во престолнината Кабул, потврдил дека најголемата експлозија била предизвикана во самоубиствен врз затворот, каде што се верува дека бунтовниците се обидуваат да ги ослободат затворениците.„Главната цел на нападите е затворот кој е многу добро заштитен. Се’ уште немаме информации за жртви, но тоа беше многу голема, огромна експлозија, изјавил Вали Карзаи за агенцијата.Талибаните го нападнаа затворот на периферијата на Кандахар и во 2008 г., кога ослободија околу илјада затвореници, меѓу кои талибански борци.Другите две експлозии одекнале во близина на зградата на Советот на провинцијата. Се претпоставува дека тие биле изведени со намера да се одвлече вниманието на полицајата од затворот кој бил глвната цел. Полициски зивори до Кабул рекле дека четворица бомбаши самоубијци извеле напади во Кандахар и дека биле истрелани и неколку минофрлачки гранати кон затворот, по што дошло до пресметка меѓу напаѓачите и специјалните единици на полицијата кои биле испратени кон затворот. Кандахар е вториот по големина град во Авганистан и честопати е цел на голем број талибански напади. Меѓународните сили предводени од САД објавија дека планираат во текот на годинава да извршат офанзива во околината на градот и пошироката област која е конторлирана од бунтовниците.Кандахар, исто така, е духовната престолнина на талибаните кои во 1990 г. го воведеа владеењето на строгите исламски закони. Кандахар е и родниот град на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, во кој живее поголем дел од неговото пошироко семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Како полицијата го испланира и спроведе апсењето на поранешниот принц Ендрју
Апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор го изненади светот, но зад сцената високи службеници на полицијата на Темз Вали со денови методично ја планирале операцијата. По проценка на пријавата за злоупотреба на положба и разгледување на доказите, истражител побарал налог за претрес, пишува „Телеграф“.
Истражителите требало да го убедат судијата дека е неопходно да се изврши претрес во поранешниот дом на Ендрју во Виндзор и во неговиот сегашен дом на имотот Сандрингем. По добивањето на судско одобрение, биле испланирани претресот и апсењето, при што сите детали биле чувани во тајност. Според наводите, ниту Бакингемската палата ниту кралот биле однапред известени.
Во операцијата учествувале околу 20 службеници од полицијата на Темз Вали, со поддршка од полицијата во Норфолк. Тие патувале околу 200 километри од Кидлингтон во Оксфордшир до селото Вулвертон на имотот Сандрингем. Конвој неозначени полициски возила пристигнал нешто по 8 часот наутро.
Според поранешен полициски службеник, детективите вклучени во „доверливата операција“ веројатно не ги знаеле сите детали однапред. Тимот бил повикан рано наутро, а можно е да ги предале мобилните телефони пред да ги добијат конечните инструкции.
Службеникот кој го уапсил му го прочитал стандардното предупредување: „Не сте должни ништо да кажете. Меѓутоа, може да ви наштети во одбраната ако при испитувањето не споменете нешто на што подоцна ќе се повикате на суд.“
Потоа бил однесен во Оксфордшир на службено испрашување. Во притвор бил регистриран од дежурен наредник, кој потврдил дека причините за апсењето се законити.
Како и секој друг притвореник, бил претресен и му биле одземени телефонот, накитот, часовникот, ременот и вратоврската. Веројатно била направена и проценка на ризик за евентуални здравствени проблеми.
Му биле појаснети неговите права, вклучително правото на бесплатна правна помош и право да извести некого за апсењето. Вообичаено, притворениците се фотографираат и им се земаат отпечатоци од прсти пред да бидат сместени во ќелија.
Според поранешни полицајци, ќелиите се минималистички, со тоалет одвоен со преграда и душек поставен над подот. Му било дозволено да разговара со својот адвокат пред испрашувањето.
Испрашувањата може да се одвиваат во повеќе фази. Се смета дека не му биле ставени лисици, бидејќи нема историја на насилно однесување ниту ризик од бегство.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Свет
ЕУ сака место на преговарачката маса и повлекување на руските трупи од регионот
Европската унија бара Русија, во рамки на сеопфатен мировен договор, да ги повлече своите трупи не само од Украина, туку и од Белорусија, Грузија, Ерменија и молдавскиот регион Придњестровје. Ова се наведува во интерен документ на ЕУ што го изготвила високата претставничка за надворешна политика Каја Калас, за кој расправале амбасадорите на Унијата, пишува „Кијив пост“.
Радио Слободна Европа имала увид во документот, за кој министрите за надворешни работи би можеле повторно да разговараат на 23 февруари. Тој ги презентира ставовите на Брисел за условите на кои Москва мора да се согласи во преговорите под посредништво на САД за да се стави крај на војната во Украина.
Во документот се повикува на „забрана на руско воено присуство“ во овие земји, како и на отстранување на нуклеарното оружје од Белорусија. Брисел исто така одбива какво било „де јуре“ признавање на окупираните украински територии и бара нивна демилитаризација.
ЕУ инсистира дека траен мир не е можен без нејзино учество на преговарачката маса, и покрај тоа што формално не е вклучена во разговорите што ги водат САД. Во документот се бара и исплата на воена отштета, одбивање општа амнестија за воени злосторства и почитување на меѓународното право.
Ова се случува во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се залага Украина да биде подготвена за членство во ЕУ до 2027 година, иако за тоа е потребна едногласна согласност од сите 27 земји членки.
Свет
Трамп му дава на Иран рок од 10 дена за договор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека си дава десет дена да процени дали е можен договор со Иран, предупредувајќи дека во спротивно ќе се случат лоши работи.
„Можеби ќе мора да одиме понатаму, можеби не – можеби ќе склучиме договор. Веројатно ќе дознаете во следните 10 дена“, рече Трамп во Вашингтон.
Вашингтон и Техеран го обновија дијалогот на почетокот на февруари, по 12-дневната војна во јуни 2025 година. Досега се одржани две рунди разговори, но тензиите остануваат високи. САД го зголемија военото присуство во Персискиот Залив, додека Иран спроведува поморски вежби со Русија.
Иран уверува дека го брани своето право на збогатување ураниум за мирни цели, додека Вашингтон бара евентуалниот договор да ја опфати и иранската програма за балистички ракети и регионалните активности.
Трамп повеќепати се закани со воени напади и навести можност за промена на режимот доколку преговорите не успеат. Според американски медиуми, војската е подготвена за евентуална акција, но конечна одлука сè уште нема.
Во меѓувреме, Русија повика на воздржаност, а Франција апелира преговорите да продолжат, оценувајќи дека дипломатијата е единствениот начин трајно да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.

