Свет
САД и Русија пред нов договор за нуклеарно разоружување
Новиот договор „Старт“ меѓу Русија и САД за нуклеарното оружје може да доведе до негово големо намалување
Големите светски сили, Русија и САД, најавија дека можедн нов договр за нукларно разоружување. Надлежните во Москва и во Вашингтон, претседателите Барак Обама и Дмирти Медведев, имале добар разговор пред можниот договор, пренесува Би-би-си.Двете држави се обидуваат да го заменат договорот од 1991 година (Стратешкиот договор за намалување на оргужјето) кој истече во декември. САД велат дека имаат 2.000 нуклеарни глани, додека за Русија се верува дека има околу 3.000.Државниот секретар, Хилари Клинтон, се очекува да разговара за разоружување со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, подоцна неделава во Москва. Во телефонскиот разговор во саботата, двајцвата претседатели „изразиле задоволство од високото ниво на консензус за основните појдовни точки“ на договорот, се вели во изјавата од Кремлин.Претседателскиот двоец вели дека можно е да се одреди и датум кога новиот договор ќе се најде пред нив на потпишување, но не се прецизира точниот датум.Според изјавата на портпаролот на Советот за безбедност на Белата куќа, двајцата претседатели се заложиле договорот да се склучи што побрзо. Американскиот план за одбранбен ракетен штит во Источна Европа, ја иритира Русија. Двајцата претседатели ги започнаа преговорите за замена на стариот договор, во април, лани.Забрзано договарање дојде по желбата на американската администрација да ги затопли односите со Русија по затегнатите односи за време на владеењето на претходниот претседател, Џорџ Буш. Со претходниот договор, што истече во декември, двете страни беа договорени да го намалат арсеналот оружје што го поседуваат на 1.500 или 1.675 парчиња. Но, имаше многу несогласувања околу пребројувањето на оружјето и ракетните системи. Дополнително, проблемот се усложни со желбата на САД да изгради ракете штит во Источна Европа. Во телефонскиот разговор двајцата престедатели де договориле да им укажат на своите преговарачи да го забрзаат процесот за да се донесе договорот, соопштува Кремлин. Преговорите меѓу САД и Русија се одржуваат во Женева, од каде се очекува позитивен договор. Претседателот Обама го искажа својотстав за свет без нуклеарно оружје. Тој вети намалување на оружјето и неговата улога, како основа на неговата безбедносна политика. САД ќе биде домаќин на самитот за нуклеарно разоружување во Вашингтон во април, годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Избран е новиот врховен лидер на Иран
Иранското Собрание на експерти го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен лидер на Исламската Република, објавува Иран Интернешнл.
Овој историски и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата.
Моџтаба Хамнеи е најстариот син на убиениот врховен лидер и личност со исклучително длабоки корени во безбедносниот и воениот апарат на државата.
Уште како млад човек, тој активно учествувал во крвавата војна Иран-Ирак, борејќи се токму во редовите на Револуционерната гарда. Неговото влијание особено се зајакна кога го презеде оперативното водство на озлогласената паравоена организација Басиџ, милиција која одигра клучна и брутална улога во насилното задушување на масовните антивладини протести по спорните претседателски избори во 2009 година.
Неговото официјално назначување на највисоката верска и политичка позиција во земјата испраќа недвосмислена порака до Западот, но и до домашната јавност, дека иранското раководство не планира никакви отстапки или поумерени политики во наредните денови.
фото/Depositphotos
Регион
Вучиќ лут на граѓаните: „Отидоа да се сончаат во Дубаи и не ме слушаа што зборував“
Првиот авион со патници од Дубаи слета во Белград рано утрово, а вториот се очекува во текот на ноќта. Српскиот претседател Александар Вучиќ е лут на граѓаните кои, како што вели, не го послушале, иако немало официјално државно предупредување против патување на Блискиот Исток, пишува N1 Белград.
„Сите оние кои се сончаа во Дубаи и не ме слушаа што зборував сега ќе ги бараат виновниците во нас, кои им помагаат да се извлечат од сето ова“, рече српскиот претседател.
Првото враќање од Емиратите до Србија беше успешно, иако летот беше одложен за неколку часа и помина подолг пат преку Оман. Патниците ја опишуваат хаотичната ситуација.
„Никој не не контактираше. Неколку пати се јавив во амбасадата, но немаа информации. Бевме сами“, рече еден од патниците. Други додадоа: „Не излеговме ниту се движевме многу. Амбасадорот не посети и тоа беше тоа.“
Еден патник рече: „Беше хаотично и воопшто не беше безопасно. Никој не ни зборуваше, но ниту ние не го очекувавме тоа. Сè решивме во лет.“ Сите се согласуваат за едно: „Секој може да каже што сака, но ситуацијата не беше безопасна.“
Дека ситуацијата не беше безопасна потврдуваат и експертите кои го следеа летот. „Безбедносните услови за тој лет не беа добри. Само 25 минути по полетувањето, целиот воздушен простор на Емиратите беше затворен бидејќи Министерството за одбрана објави дека бараж од балистички ракети се движи кон Емиратите“, вели Петар Војиновиќ од порталот „Танго Сикс“.
Ситуацијата на терен е непредвидлива, но оние што живеат и работат во Емиратите ја доживуваат поинаку од туристите.
„Градилиштето работи, има повеќе сообраќај на улиците, трговските центри се отворени, Бурџ Калифа не е евакуирана. Фала му на Бога, сè е нормално“, вели агентот за недвижности Милан Станиќ.
ИТ експертот Милан Шариќ размислува слично: „Жал ми е за туристите, нивната ситуација е поинаква. Тие се на аеродромот, слушаат звуци, не ѝ веруваат на владата тука, а за нив сè е различно“.
фото/Depositphotos
Свет
Иран: Сè уште не сме го употребиле нашето најнапредно оружје
Иран е подготвен за долга војна против САД и Израел и сè уште не го употребил своето најнапредно оружје, соопшти денес иранското министерство за одбрана.
„Имаме капацитет да се спротивставиме и да продолжиме со офанзивната одбрана подолго отколку што непријателот планираше за оваа наметната војна“, изјави портпаролот на министерството, Реза Талаеи-Ник, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
„Немаме намера да го распоредиме целото наше напредно оружје и опрема во првите неколку дена“, додаде тој.
Во меѓувреме, Револуционерната гарда вечерва објави дека испалила уште еден пламен од ракети кон Израел.
„Шеснаесеттиот бран на „Операција Вистинско ветување 4“ започна со голем број ракети и беспилотни летала лансирани од Воздухопловните сили на Револуционерната гарда кон срцето на окупираните територии“, се вели во соопштението, осврнувајќи се на Израел.
фото/Depositphotos

