Свет
„Црвените кошули“ со тон крв по Владата
Антивладините демонстранти во Тајланд денеска организираат акција за дарување крв со која ќе ги полеат министерските канцеларии
Драматичниот гест е последниот чекор од обединетиот антивладин фронт за демократија против диктаторството на премиерот Абхисит Веџаџива, со кој се надеваат дека ќе го натераат да го распушти парламентот и да распише предвремени избори, јавуваат агенциите.Илјадници „црвени кошули“, демонстрантите се така наречени по облеката што ја носат, ги подаваат своите подлактици за да им се земе крв.Демнстрантите се надеваат дека ќе соберат 1.000 литри крвз за потоа да ја фрлат крвта врз зградата на Владата, каде се наоѓаат канцелариите на министерствата. Најавено е тоа да се случи по шест часот попладне. Ако Веџаџива и понатаму одбива да го распушти парламентот, демонстрантите велат дека повторно ќе соберат 1.000 литри крв со која ќе ги полијат просториите на владејачката партија. Следниот ден, планираат да соберат уште 1.000 литри крв, овојпат наменета за премиерската резиденција.Веџаџива постојано повторува дека ќе разговара со демнстрантите, но дека нема да ги прифати нивните барања.Антивладините демонстрации започнаа во петокот. До неделата, десетици илјади демонстранти надојдоа во центаот на Банкок, пренесува Си-ен-ен.Проетстите се неверојатно мирни, а премиерот вети дека нема да употреби сила да ги растера.Министерот за туризам, рече дека продолжувањето на протестите може да влијае врз падот на туризмот, за 20 отсто, пренесе официјалната новинска агенција Синхуа. Најголема загуба ќе имаат од Кинезите, затоа што по почетокот на протестите, Кинеската стопанска комора, објави откажување на 50 отсто од резервираните посети.Таксин Шинаватра беше единствениот премиер кој остана на позицијата за време на целиот мандат, а беше и многу популарен меѓу народот. Тој ја напушти земјата во 2008 година откако беше обвинет за корупција која била политички мотивирана. Демонстрантите велат дека Абхисит не е демократски избран и бараат тој да распише нови избори.Откако Таксин замина, тајланд се соочува со политичко безредие, што ги спротивстави граѓаните кои беа лојални на Таксин со поддржувачите на Абхисит.Двајца беа убиени, а најмалку 135 повредени во немирите од април 2009 година, кога демонстрантите се судрија со поддржувачите на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои
Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс.
„Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и храброст да се наметнеме“, рече Мерц.
Конгресот на ЦДУ се одржува денес и утре, 21 февруари, и тоа е првиот голем состанок на партијата откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година, пренесува Танјуг.
Регион
Вицепремиер во новата бугарска влада поднесе оставка само еден ден по положувањето заклетва
Бугарскиот вицепремиер Стоил Цицилеков, поднесе оставка 24 часа откако положи заклетва во парламентот и ја презеде функцијата.
„Чесните избори се поважни од секој поединец“, изјави тој на брифинг, образложувајќи ја својата одлука.
Во врска со обвинувањата упатени против него – поврзани со поседување марихуана и управување возило во алкохолизирана состојба – Цицилеков изјави дека има чисто досие.
„Немам обвиненија, немам пресуди, немам важечки ограничувања во моментов“, рече тој и додаде дека во случајот незаконски биле користени архиви и објавени лични податоци. Цицилеков истакна дека неговото професионално искуство не било доведено во прашање и најави дека ќе ги бара своите права по судски пат, пренесува „Инвестор.бг“.
Пратеници од партијата „Има таков народ“ ги објавија обвинувањата против Цицилеков и коментираа дека имаат сомнежи оти тој има забрана да учествува во мисии на Европската унија за набљудување избори.
„Чесните избори се приоритет за оваа влада“, изјави вицепремиерот, посочувајќи дека својата одлука ја усогласил со привремениот премиер Андреј Ѓуров. По разговори во тимот било оценето дека личноста на вицепремиерот за чесни избори може да ѝ наштети на каузата, по што Цицилеков поднел оставка.
Нападите врз него се насочени кон Владата и кон спроведувањето чесни избори, изјави и премиерот на привремената техничка влада, Андреј Ѓуров.
„За нас има нешто многу поважно од политичката битка и од тоа кој ќе извлече краткорочни политички поени од овој чин“, додаде тој.
Претходно денеска, претседателката Илијана Јотова изјави дека ќе потпише барање за оставка од Стоил Цицилеков. Таа претходно посочи дека не сноси одговорност за составот на кабинетот, но повика на соодветни мерки доколку обвинувањата се покажат како основани.
Свет
Шведска студија: Една петтина од жените воопшто не сакаат да раѓаат деца
Истражување на „Афтонбладет“ покажува дека 22 отсто од жените во Шведска на возраст од 20 до 45 години воопшто не сакаат деца, додека таков став имаат само 8 проценти од мажите. Резултатите укажуваат на загрижувачки демографски трендови и го објаснуваат падот на стапката на плодност низ Европа.
Минатата година стапката на плодност во Шведска падна на 1,43 – најниско ниво откако се води статистика од 1749 година. Просекот во ЕУ е 1,38. За одржување на бројот на населението без миграција потребни се околу 2,1 деца по жена.
Според податоците, најниска стапка имаат Малта (1,06), Шпанија (1,12) и Литванија (1,18), а највисока Бугарија (1,81) и Франција (1,66).
Мартин Колк, професор по демографија на Универзитетот во Стокхолм, оценува дека разликите меѓу желбите на жените и мажите за родителство се слични со трендовите во земји со многу ниска плодност како Јапонија, Јужна Кореја, Шпанија и Италија. Тој посочува дека останува прашањето дали младите ќе имаат деца подоцна или целосно ќе се откажат од родителството.
Најчести причини што ги наведуваат младите жени во Шведска за одложување на мајчинството се стабилни приходи, соодветен партнер, подобро домување и сигурна работа. Раѓањето деца сè повеќе се гледа како планиран проект, кој бара исполнување на повеќе услови.
Демографите предупредуваат и на таканаречена „демографска инерција“ – намалувањето на бројот на жени во репродуктивна возраст значи дека дури и мало подобрување на стапката на плодност нема брзо да го зголеми бројот на новородени. Во некои земји, како Италија, трендот можеби веќе тешко ќе се промени без имиграција.

