Свет
На жртвите од земјотресот во Чиле им се потребни 70 илјади станови

Речиси 70 илјади станови треба што побрзо да се обезбедат за жртвите од разорниот земјотрес и цунамито до 27 февруари кои го погодија централниот и јужниот дел од Чиле, соопштија хуманитарните организации
„Проценуваме дека меѓу 60 и 70 илјади станови треба да се изградат што побрзо а таа бројка може и да се промени“, изјави католичкиот свештеник Фелипе Бериос, основач на хуманитарната организација „Еден покрив за Чиле“ која има намера да набави во прво време 20 илјади дрвени бараки за семејствата кои останаа без покрив над главата.Министерствата за внатрешни работи и за станбени прашања се’ уште не располагаат со податоци за бројката лица кои останале без домови на целата територија на Чиле, како ниту за бројката потребни станови за нивно згрижување. Чилеанските медиуми на почетокот од седмицава ја објавија процената на Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања (OCHA) при Обединетите нации, според кој 70 до 120 илјади Чилеанци имаат итна потреба да им се обезбеди дом.Во катастрофалниот земјотрес кој имаше магнитуда од 8.8 степени по Рихтер, според официјалните податоци загинале 497 лица, а за најмалку 200 се’ уште не се знае ништо. Штетата што е предизвикана во инфраструктурата, се проценува на околу 22 милијарди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.