Свет
Радикален имам ги повика американските муслимани на бунт
Радикалниот јеменски имама Анвар ал-Авлаки во аудиопорака ги повикал американските муслимани на бунт против власта која „војува против исламот и муслиманите“
„На муслиманите во САД сакам да им порачам: како можете да и’ бидете лојални на владата која војува против исламот и муслиманите“, се вели во гласовната порака на имамот Анвар ал-Авлаки која во четврток ја објави американскиот Центар за следење на исламистичките страници СИТЕ и телевизиската мрежа CNN.„Како вашата свест во дозволува да живеете мирно со нацијата која е одговорна за тиранијата и злосторствата извршени врз вашите браќа и сестри.“, вели имотот кој поседува и американско државјанство забележува CNN. „Дојдов до заклучок дека џихадот портив Америка е мојата должност, како и за секој муслиман кој за тоа е способен“, додал ал-Аваки, обвинувајќи ја администрацијата на американскиот претседател Барак Обама кој „ветил јаснотија, но не останал доследен на своите ветувања“.Ал-Авлаки, според американските медиуми, се сокрива во источната јеменската покраина Шабва. Постојат сомневања дека имамот е поврзан со огранокот на Ал Каеда за Арабискиот полустров (АКПА). Тој стана познат по размената на електронска пошта со американскиот психијатар мајорото Нидал Хасан кој во ноември 2009 г. изврши напад во најголемата воена база на територијата на САД, „Форт Худ“ во Тексас, кога уби 13 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

