Свет
Експлозив најден во индиски авион
Во патнички авион кој слетал во јужната индиска држава Керала во недела бил пронајден експлозив, но се уште не е познато дали неговото активирање било предвидено за текот на летот, соопшти индиската полиција
Пакет со експлозив бил пронајден во торба во багажот на авионот, кога патниците излегле од него, соопштил висок полициски службеник. Тој додал дека постои можност експлозивот да бил поставен и по слетувањето. Авионот бил препаркиран во изолиран дел од аеродромот во градот Тируванантапурама. Во февруари во експлозија во градот Пуна загинале 16 лица, што беше прв поголем напад по терористичките напади во Мумбаи од ноември 2008 г. кога официјлано загинаа 166 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

