Свет
Тројца тешко повредени во несреќата на руски патнички авион
Утрово на московскиот аеродром Домодедово дошло до несреќа на патнички авион „ТУ-204“ кој се враќал од египетското одморалиште Хургада, при што повредени се дел од осумчлениот екипаж на авионот кој превезува околу 200 патници
Авионот не превезувал патници, а според агенцијата ИТАР-ТАСС, која се повикува на претставник на Истражното одделение при обвинителството, осумте членови на екипажот биле повредени со различни тежини на повредите, од кои тројца се наоѓаат во сериозна состојба. Според руската телевизија „Росија 24“, местото на инцидентот за кој се вели дека се случил со принудно слетување на авионот рано утринава пред 5 часот по средноевропско време, е обезбедувано од специјалните сили додека се врши истрагата и испитувањето на воздухопловот. Засега нема информации што е причината за предвременото атерирање на авионот на компанијата „Авиа Стар Тур“ во близина на пистата, а истрагата за случајот се води како „Нарушување на безбедноста на одвивањето на воздушниот сообраќај“, пренесува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

