Свет
„Глобален пулс 2010“ – виртуелна конференција
Илјадници луѓе ќе имаат можност да учествуваат на вируелната конференција во организација на Агенцијата за меѓународен развој на САД, каде ќе можат да се слушнат и да се кажат многу идеи од области значајни за светот
Тридневната виртуелна конференција „Глобален пулс 2010“ започнува на 29 март, а е со цел да поврзи илјадници луѓе од целиот свет кои ќе зборуваат за најголемите светски предизвици и евентуални решенија. „Сакаме да слушнеме идеи од поединци кои не седат на иста маса со луѓето кои одлучуваат секојдневно“, вели д-р Раџиф Шах, администратор во Агенцијата за меѓународен развој на САД. „За да се соочиме со нашите колективни предизвици, мора да ги искористиме придобивките од денешната технологија што ни овозможува да се поврземе во еден дијалог меѓу индивидуалци и заедници од целиот свет“.Темите на “Глобален пулс 2010 “ се десеете глобални предизвици на полето на науката и технологијата, економската иднина и човечкиот развој. На конференцијата ќе учествуваат владини лидери, луѓе од приватната индустрија и граѓански организации кои ќе имаат можност да разговараат со влијателни личности кои ќе провоцираат подлабоки размислувања на одредена тема.„Глобалниот пулс 2010“ е спонзоризрана од Агенцијата за меѓународен развој на САД во партнерство со државните оддели за образование, стопаснство и здравсво. Според платформата, учесниците ќе бидат насочувани на дискусиите на темата за која се најмногу заинтересирани. Властите во САД се надеваат дека ќе мотивираат многу поединци да се придружат на овој глобален разговор каде онлајн идеите ќе можат да се претворат во вистински светски акции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.