Контакт

Свет

Израел ќе продолжи со градењето населби во Ерусалим

Објавено пред

Тел Авив соопшти дека ќе продолжи нема да ја промени политиката на подигнување населби во источен Ерусалим, со што го продолжува спорот со Вашингтон околу заживувањето на мировниот процес со Палестинците

dobivaj vesti na viber

Оваа изјава за градењето во Ерусалим беше објавена од страна на Израел во текот на траењето на состанокот на Бенјамин Нетанјаху со министрите од неговиот кабинет на кој расправаат за влијанието на градењето врз процесот на заживување на мировните преговори. А тоа го бараше американскиот државен врв во текот на посетата на израелскиот премиер  Нетанјаху на Вашингтон минатата седмица. „Израелската политика на градење во Ерусалим остана непроменета во изминатите 42 години и нема да се менува“, стои во соопштението на портпаролот на премиерот на Израел, Нир Хефез, во коа како што пренесува Reuters, се нагласува дека министрите нема да попуштат во водењето на ваквата политика. Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама спроведе притисок врз Израел да го сопре градењето во источен Ерусалим, прашање кои стана уште повеќе спорно откако беше објавен израелскиот план за градење на дополнителни 1.600 домови за Евреите, што се случи во текот на посетата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас одговори на предлогот на Трамп: „Израел мора да се повлече од Газа“

Објавено пред

Хамас соопшти дека ја разгледува понудата за примирје во Газа, која американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „финална“, но истовремено бара Израел целосно да се повлече од палестинската енклава.

dobivaj vesti na viber

Трамп изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневно примирје со Хамас, по „долги и продуктивни“ разговори меѓу неговите претставници и израелската страна.

Хамас нагласува дека тежнее кон договор кој ќе значи целосно запирање на војната и повлекување на Израел од Газа.

Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во првото обраќање по најавата на Трамп повика на целосно елиминирање на Хамас, изјавувајќи: „Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Не се враќаме назад.“

Двете страни го повторуваат своето долгорочно ставови, што ја намалува веројатноста за компромис.

Во Газа владее надеж дека ќе се постигне барем краткотраен прекин на конфликтот. Камал, жител на Газа, изјави дека се надева дека овој пат ќе успее, што би спасило илјадници невини животи.

Нетанјаху се соочува со растечки притисок да обезбеди траен мир и да стави крај на речиси двегодишната војна, но неговата екстремно десничарска коалиција е против договор. Истовремено, притисокот врз Хамас расте, особено по американските и израелските напади врз нуклеарните постројки во Иран.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на НАТО: Лавров е министер уште од времето на Исус, ништо корисно не направил

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска на „Фокс њуз“ остро ги критикуваше изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Руте оцени дека Лавров е министер уште „од времето на Исус Христос“ и дека од неговите изјави „ништо корисно не излегло“.

dobivaj vesti na viber

Повод за критиките беа коментарите на Лавров во врска со прогнозите на полскиот министер Радослав Сикорски за можното распаѓање на режимот на Путин. Лавров, потоа, изјави дека зголемувањето на буџетот за одбрана на земјите-членки на НАТО би можело да доведе до распаѓање на Алијансата.

Руте, од друга страна, ја пофали политиката на администрацијата на Доналд Трамп за зголемување на одбранбените расходи во НАТО и потенцираше дека Украина не може да се брани без американско оружје. Тој додаде дека, иако Европа значително ја зголеми воената поддршка, американската помош останува клучна за безбедноста на Украина.

Шефот на НАТО нагласи дека безбедноста на Европа е неопходна за безбедноста на САД и дека ширењето на Русија претставува закана за сигурноста на Европа.

Прикажи повеќе...

Свет

САД ја намалуваат воената помош за Украина, Киев предупредува на последици

Објавено пред

САД привремено паузираа дел од воената помош за Украина, вклучувајќи ракети Патриот, гранати и друго оружје, поради ниски залихи и потреба да се заштитат американските интереси. Одлуката доаѓа во момент кога Украина трпи жестоки воздушни напади и губи територии на исток и југ од земјата.

dobivaj vesti na viber

Украинското Министерство за надворешни работи ја оцени одлуката како „охрабрување за агресорот“ и предупреди дека одложувањето на поддршката може да резултира со загуба на животи и територија. Анонимен украински воен извор изјави дека Украина „сериозно зависи од американската воена помош“, додавајќи дека иако Европа се труди, без американско оружје „нема да биде лесно“.

Воени експерти предупредуваат дека Украина може да ја изгуби способноста да ги гаѓа руските позиции, додека Москва ја поздрави паузата како сигнал дека специјалната воена операција е поблиску до крај со тоа што Киев добива помалку оружје.

Русија во меѓувреме оствари нови територијални придобивки и држи околу 20 отсто од украинската територија. Украина одговори со напад врз руска фабрика за оружје во Ижевск.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија3 часа

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија4 часа

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ5 часа

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија5 часа

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....

Македонија6 часа

СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска...

Македонија6 часа

Граѓаните може да пријават недостапна здравствена услуга или злоупотреба на клиниките на веб-страницата на Министерството

Министерството за здравство се отвори за жалби на граѓаните од здравствениот систем. Граѓаните веќе може секоја забелешка, жалба од функционирањето...

Македонија6 часа

(Видео) Лукаревска: Со ребалансот власта крати пари од граѓаните за да се луксузира

Предложениот ребаланс на Буџетот наместо да понуди подобрување на состојбите во економијата е всушност доказ за целосниот неуспех на економската...

Свет8 часа

(Видео) Објавено какво оружје Америка престанува да испраќа во Украина

САД ја прекинаа испораката на клучно оружје за Украина, вклучително и системи за воздушна одбрана кои беа клучни за Киев...

Свет9 часа

Мерц: Русија не води војна само против Украина, туку и против нас

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, синоќа изјави дека Русија не води војна само против Украина, туку и против Германија. Во интервју...

Свет10 часа

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија10 часа

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не Ви е малку незгодно што на листата со ВИП-гости Ви беа лица што треба да Ви се на црната листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет11 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 дома без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет12 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа12 часа

(Видео) Бомбардер „су-34“ се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија24 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ1 ден

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија1 ден

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија1 ден

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...