Свет
Чеченија го осуди инцидентот во Москва
Претседателот на Чеченија, Рамазан Кадуров, ги осуди терористичките напади врз московската подземна железница, во кои загинаа околу 40 лица, а повеќе од 65 беа повредени. Писма со сочувство испратија и претседателот на Украина, Јушченко и генералниот секретар на НАТО, Расмунсен
„Не смееме да бидеме индиферентни во борбата против ова зло кое не повредува сите“, изјави Кадуров и додаде дека Москва е потресена од терористички напади кои имаат за цел да создадат хаос, да предизвикаат страв и недоверба и да ја поткопаат економијата во Русија.Чеченскиот претседател потсети дека илјадници луѓе загинале во терористички напади во Чеченија, вклучувајќи го и првиот чеченски претседател, Ахмад Кадуров, кој настрада во експлозија на бомба на стадион во главниот град Грозни во 2004 година. „Во овој тежок момент со цела одговорност тврдам дека ќе се бориме се додека терористите не бидат целосно уништени бидејќи невозможно е да се искорени злото само со убедување“, нагласи Кадуров и додаде дека виновниците за нападот мораат да бидат пронајдени и казнети.
Сочуство изрази и украинскиот претседател, Виктор Јушченко, до неговиот колега, Дмитри Медведев, по трагичната загуба на повеќе од 40 луѓе, во утринските експлозии. „Со длабока тага Украина ја дочека веста за трагедијата што се случи како резултата на експлозиите во московското метро, што предизвика бројни жртви. Нашата земја го дели чувството на неповратна загуба која ја зафати Русија“, вели во писмото со сочувство, претседателот Јушченко. Тој изрази жалење и сочуство и до фамилиите на настраданите. Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен, исто така изрази жалење по денешните екплозии во москва. Тој вели дека нема оправдување за терористичките напади против невини цивили.
Тој изрази сочувство на семејствата на настрданмите и им посака побрзо оздравување на повредените.
„НАТО останува посветена на соработката со Русија во борбата против меѓународниот тероризам“, вели Расмунсен.
Според информациите објавени на интернет страница што ја користат чеченските екстремисти, токму тие се одговорни за денешните терористички напади, објави дописникот на Си Ен Ен, иако засега нема официјална потврда за ваквите тврдења.
„Нема сомневање дека експлозиите во Москва се терористички чин“, изјави московскиот обвинител Јури Семин, додека шефот на руската Федерална служба Александар Вортников ги потврди сомнежите дека бомбите ги активирале жени самоубијци.
Рускиот претседател, Дмитриј Медведев, побара од безбедносните служби да се борат против тероризмот „без колебање, до крај“.
Медведев додаде дека Русија ќе делува бескомпромисно за да ги искорени терористите и нареди безбедносните служби да бидат распоредени низ земјата, но истакна дека човековите права мора да бидат почитувани за време на полициската истрага. Аналитичарите велат дека денешните напади се одмазда за неодамнешната воена операција во Чеченија во која загинаа повеќе од 20 радикални исламисти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

