Свет
Чешка ќе прави попис на дебелите луѓе
Чешка на барање на заводите за здравствено осигурување ќе започне попис на населението со вишок килограми, бидејќи заводите тврдат дека од претерана дебелина патат повеќе од 55 отсто од нацијата и растат трошоците за лечење на болните кои се ризично дебели
Анкетарите треба да востановат дали се влошила состојбата од 2008 година кога 30 отсто од населението било со нездрава дебелина. Годишните трошоци за лечење на компликациите поврзани со дебелината на големиот пазар чини околу 8.000 евра а во Чешка се појавија идеи да во борбата со претераната дебелина да се пристапи остро како со борбата со пушачите. Во Чешка размислуваат да го зголемат цените на некои доста калорични производи, меѓутоа здравствените фондови веруваат дека поуспешни методи би биле бонусите за сите жители кои водат сметка на телесната маса и калориите кои ги внесуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

