Свет
Најмалку 21 бунтовник убиени во Пакистан

Пакистански офицер соопштил дека припадниците на безбедносните сили во недела наутро одбиле напад на бунтовниците врз контролен пункт на војската во северозападниот дел од земјата, при што убиле најмалку 21 бунтовник
Офицерот Самиулах Кан изјавил дека во неделната операција во племенскиот регион Орказаи се воделе борби во кои војската имала поддршка од артилеријата.Овој регион во северозападен Пакистан на границата со Авганистан е едно од главните упоришта на пакистанските талибани. Пакистанската армија во средината на март презема офанзива за да го исчисти регионот Орказаи од талибаните кои таму се кријат откако армиската офанзива во Јужен Вазаристан од минатат година ги натера во бегство.Офицерот за Associated Press изјавил дека во воените операцијата во изминатите три седмици биле убиени повеќе од 250 бунтовници.Поради жестоките борби илјадници жители од регионот се засолниле во бегалски логор кој го организирала пакистанската влада во блискиот округ Кохат или во соседни региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови во областа, соопштија службеници за итни случаи.
Екипите на Националниот систем за управување со ризици соопштија дека спасувачките напори се во тек, а телата се пронајдени во три одделни окна.
Un despreocupado minero nos enseña como se destruyen ecosistemas en busca de #OroDeSangre
…con la confianza cimentada en una lamentable certeza: la cómplice inacción castrense al #SurDelOrinoco pic.twitter.com/oissyKhXH1
— Fritz Sanchez (@Fritz_A_Sanchez) October 12, 2025
„Првата фаза од работата е испумпување на сите окна во секторот за да се намали нивото на водата, по што ќе следи проценка на спасувачките напори“, соопштија службеници за итни случаи во објава на социјалните медиуми.
Свет
Претседателот на Мадагаскар: Морав да одам на безбедно место за да го заштитам својот живот

Претседателот на Мадагаскар, Андри Раџоелина, вчера изјави дека морал да се пресели на безбедно место за да го заштити својот живот, по неколкунеделните протести на младите луѓе кои бараа негова оставка.
Во обраќањето до нацијата, Раџоелина не откри каде се наоѓа, а неговото моментално место на живеење останува непознато, но воен извор и други официјални лица за Ројтерс изјавија дека тој ја напуштил земјата завчера со француски воен авион откако трупите на Мадагаскар ја објавија својата поддршка за демонстрантите.
Тој беше евакуиран од земјата со француски воен авион поради тековните протести и воениот бунт, објави RFI. Евакуацијата беше спроведена во договор со францускиот претседател Емануел Макрон, иако француските власти инсистираат дека не се мешаат во внатрешната криза на Мадагаскар, која ја потресува земјата од 25 септември.
Немирите започнаа поради широко распространетите прекини на водата и електричната енергија, но прераснаа во национално движење со кое се бара оставка на Раџоелина. Безбедносните сили употребија сила за да ги растераат демонстрантите, додека офицерите што ги поддржуваат демонстрантите ја презедоа контролата врз воената команда.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас.
Starship's eleventh flight test reached every objective, providing valuable data as we prepare the next generation of Starship and Super Heavy → https://t.co/YmvmGZTV8o pic.twitter.com/gO0i8XFWIH
— SpaceX (@SpaceX) October 14, 2025
Станува збор за тест мисија што го демонстрира дизајнот на џиновско возило за повеќекратна употреба за носење сателити и, на крајот, за транспорт на луѓе на Месечината и Марс.