Свет
Најмалку 38 убиени и 100 повредени во Пакистан
Најмалку 38 лица се убиени во поенеделник а повеќе од стотина се повредени во самоубиствен напад во градот Тимергара во северозападниот дел на Пакистан, соопштија локалните власти
Бомбаш-самоубиец активирал експлозив поставен на неговото тело на политички митинг организиран од секуларната Национална партија Авами. Повредените во нападот се пренесени во болница во градот Пешавар.Портпаролот на Авами, Захид Кан, изјавил дека нападот се случил кога нејзините членови се собрале да изразат поддршка за неодамнешниот предлог за промена на името на Северозападната погранична провинција.Се’ уште се испитува дали нападот има политичка заднина или е одмазда на талибаните, зашто на митингот присуствувале голем број паштуснки племенски водачи чии милиции се борат против талибаните и борците на Ал Каеда. Националната партија Авами е на чело на владејачката коалиција во северозападната погранична провинција.Во меѓувреме, светските агенции јавуваат за три силни експлозии во Пешавар, но оти засега нема жртви и повредени. Не се познати причините за експлозиите. Според пакистанските медиуми, експлозиите се случиле во близина на Американскиот конзулат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува оти новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува „Анадолија“.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го иницира контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите Американски Држави.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.