Свет
Убиени двајца службеници од американскиот конзулат во Пешавар

Во нападот на американскиот конзулат во Пешавар убиени вкупно шест лица од кои двајца се службениците на конзулатот
Координираниот напад вклучувал во напад со возило управувано од бомбаш самоубиец и напаѓачи кои се обиделе да влезат во зградат на конзулатот употребувајќи гранати и автоматско оружје, соопштила амбасадата на САД во Пакистан.Германската агенција DPA пренесе дека две експлозии одекнале на 25 метри од конзулатот, додека третата најверојатно ја погодила зградата.Пакистанските војници се обидуваат да се пробијат до зградат ана конзулатот, која била добро утврдена но сега оштетена од една од експлозиите.Непосредно пред овој напад во северозападниот град Тимаргара, на собир на националната секуларна партија Авами ANP, беше извршен самоубиствен бомбашки напад во кој се убиени најмалку 38 а рането повеќе од стотина лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) „Најнапредниот, најспособниот и најсмртоносниот авион некогаш изграден, ниту еден друг авион не е ни блиску до овој“: Трамп го претстави новиот Ф-47

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Пентагон и доделува договор на компанијата „Боинг“ за производство и одржување на борбен авион од шестата генерација, кој ќе се вика Ф-47. Трамп го опиша новиот авион како „нешто што никој досега не го видел“.
Говорејќи во Овалната соба на Белата куќа заедно со секретарот за одбрана Пит Хегсет и водачите на американските воздухопловни сили, Трамп рече дека развојот на овој нов борбен авион е „долго време во изработка“ и дека Боинг ќе го изгради по „ригорозен и темелен натпревар меѓу водечките американски воздушни компании“ за програма позната како „Next Generation Air Dominance“.
Трамп додаде дека новиот Ф-47 ќе биде „најнапредниот, најспособниот и најсмртоносниот авион некогаш изграден“ и дека експерименталната верзија на овој авион „лета во тајност речиси пет години“.
„Уверени сме дека овој авион ги надминува можностите на која било друга земја… Секој друг авион што сум го видел, секој од нив, не е ни блиску до ова. Речиси е невидлив и има невидена моќ. Ја има најголемата моќ од сите млазни авиони од ваков тип што некогаш биле изградени, како и неспоредлива способност за маневрирање. Никогаш претходно не е изградено ништо случно“, рече Трамп.
Американскиот претседател заклучи дека непријателите на Америка „никогаш нема да видат што доаѓа“ доколку овој авион се користи во борба, и рече дека противниците „нема да знаат што ги погодило кога ќе се соочат со флота од овие величествени авиони“.
Европа
(Видео) Зеленски: Америка и даде голем подарок на Русија, тоа е погрешно

„Сите украински нуклеарни централи му припаѓаат на народот на Украина“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на прес-конференцијата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во Осло.
Тие се во сопственост на државата. Кај нас нема приватна сопственост на нуклеарни централи. Што се однесува до зелената енергија, постојат приватно-јавни партнерства.
„Постои и целосно приватен енергетски сектор, но целата нуклеарна енергија и припаѓа на државата Украина“, рече Зеленски на прес-конференција.
„САД, како главен сојузник во НАТО, не ја поддржуваат Украина во НАТО. Тоа е случај денес. Верувам дека такво нешто не може едноставно да им се даде на Русите. Верувам дека ова е голем подарок, дека оваа тема (пристапот на Украина во НАТО) е отстранета од агендата во преговорите. Едноставно верувам дека тоа е погрешно. Тоа е она што јас го верувам“, додаде Зеленски.
“All nuclear power plants belong to the people of Ukraine,” says Ukrainian President Volodymyr Zelenskyy as he meets with Norwegian Prime Minister Jonas Gahr Store in Oslo.#Ukraine #Russia #US #Trump pic.twitter.com/EH9dNszx4z
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) March 21, 2025
Неодамна се појавија предлози за иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска окупација од март 2022 година.
Имено, американскиот претседател Доналд Трамп по неодамнешниот телефонски разговор со рускиот претседател Путин сугерираше дека САД би можеле да ја преземат контролата врз украинските нуклеарни централи, вклучително и Запорожје, за да ги заштитат од натамошна руска агресија.
Во моментов, електраната Запорожје е надвор од функција и се соочува со предизвици како што е недостатокот на вода за ладење, што ги отежнува сите планови за нејзино рестартирање. ,
Предлозите предизвикаа загриженост и критики во Украина, каде што некои веруваат дека таквите потези би можеле да го загрозат суверенитетот на земјата и да ја искористат нејзината сегашна ранливост поради конфликтот со Русија.
Европа
Голем бунт во Турција, луѓето масовно излегуваат на улиците, се огласи Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во петокот дека Турција нема да потклекне пред „уличниот терор“ на третиот ден од протестите што избија поради апсењето на опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, под обвинение за тероризам и корупција.
„Турција нема да потклекне пред уличниот терор“, рече Ердоган, оценувајќи дека протестите што ги свика опозицијата ќе завршат во „ќорсокак“.
„Нема да толерираме никакво нарушување на јавниот ред“, додаде тој.
Озгур Озел, лидер на Републиканската народна партија, најголемата опозициска партија во земјата на која и припаѓа Имамоглу, ги повика Турците да излезат на улица во петок во 20:30 часот по локално време, и покрај предупредувањата од властите.
„Од сега никој не треба да очекува Републиканската народна партија да води политика во сали или згради. Отсега ние сме на улиците и на плоштадите“, рече Озел во четвртокот вечерта пред градското собрание на Истанбул, каде илјадници луѓе се собраа втор ден по ред во поддршка на Имамоглу, главниот ривал на Ердоган.
Два моста и неколку главни патишта кои водат до Градското собрание беа затворени за сообраќај денеска на 24 часа.
Протести се одржуваат од средата во најмалку 32 од 81 провинција во Турција, според АФП.
Министерот за правда Јилмаз Тунч ги опиша повторените повици на опозицијата за протести како „нелегални и неприфатливи“.
Ваков бран протести во Турција не се памети од големите протести во 2013 година кои започнаа од плоштадот Таксим.
Екрем Имамоглу, кој истражителите почнаа да го испрашуваат во петокот попладне, требаше да биде именуван за кандидат на Републиканската народна партија за претседателските избори во недела.
Но, во вторникот вечерта, неговата универзитетска диплома беше одземена, само неколку часа пред да биде уапсен. Турскиот устав предвидува дека кандидатот за претседател мора да има високо образование.
Имамоглу беше реизбран за градоначалник на Истанбул во 2024 година, откако го одзеде градот од владејачката АКП во 2019 година.