Свет
Обајвени снимки за убиството на репортерите на Ројтерс
Интернет страницата Wikileaks ја објави снимката од напад за хеликоптер на војската САД врз група од десет лица во предградие на Багдад во јули 2007 г. во кој се убиени двајца работници на агенцијата
Reuters долго време вршеше притисок за објавување на овие видео-снимки од 12 јули 2007 г. кога беше убиен агенцискиот фоторепортер 22-годишниот Намир Нур Елдин и неговиот возач 40-годишниот Саид Чмаф во кварт во источен Багдад.Шокантниот дел од снимката на која екипажот на „апачи“-то со тежок митралез ги покосува десетина мажи во цивилна облека е прикажан и на тв-дневникот на американската телевизиска мрежа CBS, со предупредување дека следуваат експлицитни призори.На снимката се слуша и пилотот на хеликоптерот кој бара одобрување од командантот да отвори оган врз група мажи, бидејќи мисли дека двајца носат оружје на рамениците.Нападот и последиците од него претходно детално беа опишани во напис и истоимената книга „Добрите војници“ на Washington Post, од неговиот новинар Дејвид Финкел.Интернет страницата објавува дека видеото го добила како дополнителна документација од одредени воени извори, и дека ја проверил неговата автентичност во разговори со сведоци и новинари кои директно биле вклучени во инцидентот. Во 17-то минутното видео на американските вони сили, може д асе слушне како се цели кон група луѓе за кои се смета дека се вооружеи бунтовници а пото го напаѓаат комбето во кое товареле еден од ранетите. На снимката се идентификувани на снимката.Wikileaks го објавува и транскриптот од разговорот меѓу американските сили од местото на нападот.Американската централна команда (CENTCOM) одбила директно да ја коментира снимката, поточно да ја потврди нејзината автентичност, но најави специјално соопштение, според пишувањето на Washington Post.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

