Свет
Најмалку 17 мртви, вонредна состојба во престолнината на Киргистан
Најмалку 17 луѓе се убиени во немирите во Киргистан, меѓу кои и министерот за внатрепни работи, а претседателот прогласи вонредна состојба
Опозициските демоснтранти во Киргистан во средата го убија министерот за внатрешни работи на Киргистан, а го земаа како заложник заменикот-преммиер, истовремено ставајќи ја под своја контрола и државната телевизија, додека претседателот Курманбек Бакијев приогласи вонредна состојба во престолнината Башкик и во градовите Талас и надин, јавуваат агенциите АФП, Итар Тас и Интерфакс.Претходно, полицијата уби повеѓе демоснтранти и рани неколку десеттици од нив, откако не успеа со други средства да ги растера од пред резиденцијата на претседателот. Полицијата тврди дека во пукањето се убиени најмалку 17 лица, додека дописникот на агенцијата АФП вели дека видел шест безживотни тела на плоштадот. веднаш по објавата на вонредната состојба, демонстраннтите ја напднаа државната телевизија и ја присилија да ги прекине сите програми, како уште еден знак дека владата забрзано ја губи контролата врз целата ситуација. истовремено, од канцеларијата на министерот за внатрешни работи Молдомус Конгантијев соопштија дека тој букл убиен во демонстрациите во предградие на Талас, каде што и запонаа насилните демонстрации во вторникот вечерта. Во истиот напад, демонстрантите го зеле како заложник и заменик-премиерот Акилбек Запаров. „Неколку луѓе се убиени, сите од огнострелно оружје, а многумина се ранети, десеттици“, изјави анонимен претставник на итните служби на Башкик. Се уште не е јасно кој пукал и кој се загинатите. Неколку оччевидци за агенцијата Ројтерс изјавија дека врз деммонстрантите пукале полициски снајперисти, распоредни на кровот на блиската зграда на владата. Демоснтрантите бараат предвремени избори и крај на петгодишното владеење на претседателот Бакијев. Специјалните полициски сили претходно се обидоа да ги растераат околу 5.000 демонстранти, кои се собраа пред претседателската резиденција на главниот плоштад во Бишкек, ноголем број полицајци бе апретепани, а им беше одземено и оружјето и оклопните возила. Едно до возилата беше употребено во обидот со него да се провали вратата во зградата на владата на Киргистан.Политичките немири во Киргистан ја потресуваат земјата уште од почетокот на март годинава и беа поттикнати распространетата сиромаштија, покачувањето на цените, корупцијата и непотизмот на администрацијата на претседателот Бакијев. Речиси целата власт во земјата се наоѓа во рацете не неговите браќа и неговиот си, што ги разгневи влијателните кланови од регионот на Бишкек и Талас, но од другите региони. Киргистан, која е најсиромашна земја од бившите советски републики, е длабоко зависен од помошта која ја добива и од САД и од Русија, кои имаат свои воени бази во земјата. И Кина испраѓа помош за оваа земја. Вашингтон е особено вознемирен поради немирите, бидејѓи воздухопловната база во киргистан е клучна за поддршка на воените напори на НАТО во Авганистан. Ако реакцијата оттаму е крајно негативна, смета политичкиот научник од Москва Алексеј Власов, тоа ѓе го стави бакијев во многу незгодна ситуација, затоа што економската ситуација во земјата е катастрофална.И Москва и Вашингтон засега само ги повикаа сите вмешани страни да покажат воздржаност и недоразбирањата да ги решат со разговори, без употреба на сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европскиот парламент усвои построги и побрзи правила за азил
Денес, Европскиот парламент усвои измени на регулативите на ЕУ за постапката за азил со цел да се овозможи побрза обработка на барањата за азил.
Амандманите, кои ја вклучуваат изменетата листа на безбедни земји од ЕУ, беа усвоени со 408 гласови „за“, 184 „против“ и 60 „воздржани“, а на истата седница европратениците одобрија и договор за регулативата за спроведување на концептот на безбедна трета земја, со 396 гласови „за“, 226 „против“ и 30 „воздржани“.
Новата листа на безбедни земји на ниво на потекло на ЕУ ќе овозможи брзо решавање на барањата за азил на граѓани на Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Мароко, Тунис.
Според новите правила, поединечниот барател мора да покаже дека одредбата за безбедна земја не треба да се применува во неговиот случај поради основан страв од прогон или ризик од сериозна неправда ако се врати во својата земја.
Земјите кандидати за пристапување во ЕУ ќе се сметаат за безбедни земји на потекло, освен ако релевантните околности не укажуваат поинаку, што вклучува неселективно насилство во контекст на вооружен конфликт, стапка на признавање азил на нивните граѓани на ниво на ЕУ што е поголема од 20 проценти и економски санкции поради дејствија што влијаат врз основните права и слободи.
Комисијата ќе ја следи ситуацијата во земјите на листата и во земјите кандидати и ќе реагира доколку околностите се променат, се вели во соопштението на ЕП.
Известувачката Лена Дипонт од Германија оцени дека денешното гласање за концептот на безбедни трети земји обезбедува уште еден клучен елемент за функционален и кредибилен систем за азил.
„Со овозможување побрзо и поефикасно отфрлање на очигледно неосновани барања за азил во иднина, ги забрзуваме процедурите за азил, ги олеснуваме системите на земјите-членки и им помагаме на луѓето да не бидат во правна неизвесност со години“, рече таа.
Пред да стапат во сила, овие регулативи треба да бидат усвоени од Европскиот совет, пренесува Танјуг.
Свет
Макрон: Ова е повик за будење за Европа, мора да почнеме да се однесуваме како светска сила
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја повика Европа да се наметне на светската сцена, предупредувајќи дека континентот се соочува со „повик за будење“ поради растечките закани од Кина, Русија, па дури и од САД.
Пред самитот на ЕУ оваа недела во Брисел, Макрон изјави за неколку европски весници дека е време Европа да почне да се однесува како „светска сила“, објави Би-Би-Си.
„Европа денес се соочува со огромен предизвик, во свет кој е во хаос“, предупреди Макрон во интервју.
„Дали сме подготвени да станеме светска сила? Тоа е прашање што се однесува на економијата и финансиите, одбраната и безбедноста, како и на нашите демократски системи“, рече тој. „Во друга ера, би можеле да кажеме дека ова е моментот за полнолетство“.
Макрон го повтори својот повик за заедничко задолжување на ниво на ЕУ за да се соберат стотици милијарди евра потребни за индустриски инвестиции.
„Време е да се започне заедничко задолжување за финансирање на нашите идни трошоци – еврообврзници за иднината. Ни требаат големи европски програми за финансирање на најдобрите проекти“, рече тој.
фото/Depositphotos
Свет
Калас: Ќе предложиме услови што Русија мора да ги исполни
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе предложи список на отстапки што Европа треба да ги побара од Русија како дел од решението за прекин на војната во Украина.
„Сите на масата, вклучувајќи ги Русите и Американците, мора да разберат дека Европејците се потребни за да се постигне мировен договор“, изјави Калас пред група новинари на новински агенции во Брисел, според Ројтерс.
Според неа, ЕУ има услови за тоа.
„И овие услови не треба да им се наметнуваат на Украинците, кои веќе се под голем притисок, туку на Русите“, истакна таа.

