Свет
Состанок во Њујорк на шесте светски суперсили за иранската нуклеарна програма
Во Њујорк во петок зад затворени врати се одри состанок на групата која одлучува за евентуалните санкции против Иран, сосотавена од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, на кој по подолга пауза присуствуваше и Кина
Кина во петокот во Њујорк им се приклучи на останатите пет светски сили од групата „п5плус еден“, составена од пет постојан членки на Советот за безбедност на ОН и Германија, кои треба да одлучат за евентуалните санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма, јави агенцијата Reuters.Според дипломатски извори, преговорите во Њујорк биле „конструктивни“, но повторно не е донесено конечно решение. Покрај Кина и Германија, во групата се и Русија, САД, Британија и Франција. Деталите од тричасовниот состанок не беа обелоденети, но извори кои присуствувале на состанокот тврдат дека шесте светски сили се многу далеку од договор за четвртите по ред санкции на Обединетите нации против Иран.
Техеран, од своја страна, во петокот, на националниот ден на нуклеарна енергија, соопшти дека успеале да дизајнираат и да тестираат трета генерација центрифуги од домашно производство за употреба во негиовата нуклеарна програма.Новите центрифуги, секоја по 200 милиметри во пресек, се двојно помоќни од постоечките во постројката во збогатување на ураниум крај градот Натанц.
Кина по неколку месеци одложување, неволно се согласи да им се приклучи на останатиете членки на групата. Азиската суперсила се противи на воведувањето на санкции против техеран и се залага за дипломатско решение на спорот. Амбасадорот на Кина во ОН, Ли Баодонг јасно ставил на знаење дека Кина останува цврсто на ставот да го поддржи само таканаречениот „двостран пристап“ кон прашањето, што подразбира економски и политички бенефиции за Иран ако прифати да ја суспендира нуклеарната програма и закани со санкции ако одбие. Тој уште еднаш повтори дека Пекинг е најмногу заинтересиран за првиот начин на решавање. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин по разговорите кусо истакна дека преговорите за евентуалните санкции ќе бидат многу тешки. Русија по потпишувањето на договорот со САД за ограничување на нуклеарното оружје, значително се приближи кон Вашингтон во барањата за воведување санкции кон Техеран доколку бргу не прифати да ја прекине својата нуклеарна програма. Повеќето западни земји, предводени од САД, од Иран бараат целосно ставање на неговата нуклеарна програма под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)
Амбасадорката на САД, Сузан Рајс, пак, посочи дека САД и натаму инсистираат на брза резолуција за Иран, која потоа би била испратена на одобрување до сите 15 земји-членки на Советот за безбедност.Групата треба повторно да се сретне идната недела. За да се исбегне воведувањето на уште една, четврта рунда на санкции против Иран, Русија и Кина, кои имаат силни економски интереси во земјата, неуспешно се обидоа да го присилат Иран да го прифати планот на ОН, според кој Техеран би испратил околу 1.200 килограми од нивниот нискозбогатен ураниум, количина доволна за производство на нуклеарна бомба, во Франција и Русија, каде што ураниумот би бил конвертиран во гориво за реакторот во Техеран, кој се користи за истражувачки цели и во медицината. Иран во повеќе наврати се согласи својот нискозбогатен ураниум да го испраќа во ове две земји на доработка, но одбива да ги предаде залихите на скапоцената руда. Наместо тоа, Техеран инсистира на симултана размена на готовото гориво за сировиот материјал и тоа внатре во границите на исламската република.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе
Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се спротивстави на нападите врз Иран што ги изведуваат САД и Израел, предупредувајќи дека со тие потези се „игра руски рулет со животите на милиони луѓе“.
Санчез се обрати откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со прекин на трговијата со Шпанија поради ставот на Мадрид за конфликтот.
„Така почнуваат големите катастрофи на човештвото. Не може да се игра руски рулет со судбината на милиони луѓе“, изјави Санчез во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу двата сојузника во НАТО се зголемија откако Санчез го осуди американско-израелското бомбардирање на Иран, нарекувајќи го непромислено и незаконско. Шпанија потоа забрани користење на американски авиони од поморските и воздушните бази во јужниот дел на земјата за напади врз Техеран.
Санчез порача дека светот не може да ги решава проблемите со конфликти и бомби и нагласи дека ставот на шпанската влада може да се сумира со зборовите „не за војна“.
„Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме одмазда“, изјави шпанскиот премиер.
Тој потсети и на последиците од американската инвазија на Ирак во 2003 година, која доведе до пораст на тероризмот и на цените на енергијата, додавајќи дека причините и последиците од нападот врз Иран исто така се нејасни.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави за шпанската телевизија ТВЕ дека нападот врз Иран нема цел да воспостави демократија и нагласи дека Шпанија е суверена држава која одлуките ги носи во согласност со меѓународното право.
Свет
Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме
Иран нема намера да преговара со Соединетите Американски Држави и нема никакви контакти со Вашингтон, изјави за иранската државна телевизија Мохамад Мохбер, висок советник на покојниот врховен лидер на Иран.
Мохбер, кој претходно беше вршител на должноста претседател на Иран и прв потпретседател на државата, истакна дека Техеран нема доверба во САД.
„Немаме доверба во Американците и немаме никаква основа за преговори со нив“, изјави тој.
Додаде дека Иран е подготвен да ја продолжи војната „колку што долго сака“.
Свет
Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“
Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за Украина, што би можело да ја отежни нејзината одбрана од руските напади, објави бриселскиот „Политико“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека долготраен конфликт на Блискиот Исток може да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за противвоздушна одбрана и други клучни ресурси.
Според официјални лица, САД веќе употребиле големи количини ракети и пресретнувачи во операциите против Иран, што може да влијае врз резервите на оружје во Европа и Украина.
Европските влади, кои немаат доволно резерви, се обидуваат да развијат сопствени воени капацитети и да продолжат да ја поддржуваат Украина, но тој процес може да трае со години. Зеленски изјави дека Украина ќе користи домашни ресурси и финансирање за да го надомести евентуалниот недостиг.
Кризата веќе влијае и врз плановите на Европската унија. Состанок поврзан со украинското членство, кој требало да се одржи на Кипар, бил одложен по напад со ирански дрон врз британска воздухопловна база на островот.
Во меѓувреме, САД и Израел извршија напади врз Иран, меѓу кои и ликвидацијата на врховниот лидер Али Хамнеи, што според проценките го ослабува Иран како снабдувач на руската воена опрема.
Украински официјални лица сметаат дека американските операции против Иран индиректно може да ѝ помогнат на Украина, бидејќи го намалуваат пристапот на Русија до ирански дронови и технологија.
Сепак, украински пратеници предупредуваат дека продолжената кампања на САД и Израел против Иран може да го забави напредокот на мировните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

