Свет
Привремената влада на Киргистан нема да дозволи граѓанска војна

В.д. премиерката Роза Отунбајева тврди дека владата располага со ресурси и капацитет да спречи војна помеѓу северот и југот на земјата
Привремената влада на Киргистан во петокот уште еднаш одби какви и да било преговори со сменетиот претседател Курманбек Бакијев, а неговите намери да ја поврати власта ги нарече нереалистични соништа, премнесува агенцијата РИА Новости.Претхоодно Бакијев за радиот Ekho Moskvy исјави дека и натаму нема намера добероволно да се откаже од функцијата.Експертите за состојбите во оваа сиромашна централноазиска држава велат дека ако Бакијев и натаму ја задржи контролата на двата региона на југот на земјата, каде што традиционално има голема поддршка, тогаш граѓанската војна помеѓу северот, под контрола на привремената влада и југот е многу можна. „Постојат многу исклучително богати луѓе, кои си ги наполнија паричниците со претходната власт. Тие им даваат оружје на регрутите кои ги собира Бакијев“, тврди в.д. премиерката на Киргистан, Роза Отунбајева. Таа истакна и дека привремената влада нема да дозволи да избие граѓанска војна. „Сега до максимум ја користиме нашата моќ, мобилизирани сме, имаме ресурси, опрема и капацитет да не дозволиме граѓанска војна“, додава Отунбајева. најмалку 75 луѓе беа убиени, а преку 1.400 повредени во немирите кои започнаа во вторникот во северозападниот град Талас, а во наредните два дена се проширија на целата држава. Сите сили за безбедност преминаа на страната на привремената влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стотици луѓе на улиците на Израел: протестираат поради одлуката за продолжување на војната во Газа

Израелската полиција употреби воден топ против демонстрантите кои трет ден по ред протестираа против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го смени шефот на домашната разузнавачка служба Шин Бет Ронен Бар, а неколку демонстранти беа уапсени, пренесоа светските медиуми.
Израелците протестираат и поради одлуката за продолжување на војната во Појасот Газа, со која беше прекршен двомесечниот прекин на огнот, а Хамас се уште држи 59 израелски заложници.
„Многу сме загрижени бидејќи нашата земја се претвора во диктатура“, изјави Ринат Хадаши (59) во Ерусалим. „Тие ги напуштаат нашите заложници, игнорирајќи се што е важно за оваа земја.
Стотици демонстранти денеска отидоа во официјалната резиденција на премиерот, каде се обидоа да ги пробијат безбедносните кордони и се судрија со полицијата. Планирани се и протести пред воениот штаб во Тел Авив.
Дури и пред војната во Појасот Газа, десетици илјади Израелци учествуваа на редовни протести против напорите на владата да ги ограничи овластувањата на судството.
Од почетокот на војната, има редовни протести на семејствата и поддржувачите на заложниците кои ги држеше Хамас.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.
Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.