Свет
Киднапирани хуманитарци на „Црвениот крст“ во Конго

Осум работници на Меѓународниот комитет на црвениот крст, Швеѓани и седум Конгоанци биле киднапирани минатата недела во источниот дел на Демократската Република конго, јави Црвениот крст
Осумте Швеѓани кои работат за Црвениот крст ги држи вооружената милиција Маи Маи од минатиот петок во областа Физи, во јужната провинција Куву, се вели во изјавата на Црвениот крст.
„Бараме групата која ги држи нашите вработени да ги ослободи што е можно побрзо“, вели Франц Роченстејн, шегот на мисијата во Конго. Портпаролот на Црвен крст во Женева не сакал да даде повеќе детали за киднапирањето, ниту за идентитетот на киднапираните или пак дали агенцијата воопшто стапила во контакт со Маи Маи.
Меѓународниот комитет на црвениот крст е присутен во Конго во Јужен Киву, во Букаву, Увира, Марунгу и во Физи. Пристапот до тие места е тежок поради недоволните услови за комунијација како и поради безбедносните услови.
Во регионот последните неколку месеци постојано има немири и судири кои резултираа со раселување на илјадници цивили, се вели во соопштението на Црвениот крст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Луизијана го изврши првото погубување со користење на азотен гас

Луизијана го изврши првото погубување со употреба на азотен гас во историјата на таа американска држава, на Џеси Хофман Јуниор (46), по 15 години пауза во извршувањето на смртните казни.
Овој метод досега бил користен само четири пати во САД, а во Алабама, единствената држава покрај Луизијана која има протокол за овој метод на извршување на смртни казни, пренесува CBS News.
Хофман одби да даде конечна изјава пред да започне постапката.
Тој беше прогласен за мртов во 18:50 часот во државниот затвор во Луизијана.
Адвокатите на Хофман се обидоа да ја спречат егзекуцијата, тврдејќи дека методот е неуставен и го прекршил осмиот амандман, кој забранува сурово и невообичаено казнување.
Тие, исто така, тврдеа дека ова го прекршило неговото право на слобода на вероисповед, особено во однос на будистичките техники на дишење и медитација пред смртта.
Официјални лица од Луизијана веруваат дека методот е безболен и велат дека е време државата да ја спроведе правдата што им ја вети на семејствата на жртвите по 15-годишна пауза во егзекуциите.
Хофман беше осуден за убиство на Мери „Моли“ Елиот во 1996 година, 28-годишна маркетинг директорка од Њу Орлеанс.
Обвинителката Лиз Мурил рече дека очекува најмалку четири лица да бидат погубени оваа година во Луизијана, пренесува Танјуг.
Регион
Ѓорѓе Давид за трагедијата во Кочани: Не ми се верува дека проклетите пари станаа толку големи што луѓето не размислуваат за луѓето

Пејачот Ѓорѓе Давид е надвор од себеси по трагедијата во Кочани, а имал можност да запознае еден од членовите на бендот додека работел во Македонија.
„Имав можност да запознаам еден дечко бидејќи често сум во Македонија и знам дека овие момци се многу актуелни и популарни. Ова не е трагедија само за Македонија или за Балканот, ова е трагедија од светски размери. Не се сеќавам да се случило вакво нешто, ова се огромен број млади луѓе кои требаше да бидат идни татковци и мајки. Имам многу измешани чувства затоа што сум слушнал од милион луѓе што ги познавам и тагата таму е огромна и не можев да замислам дека се е така, како во Македонија се да умрело. Се подготвувам да одам во Македонија и ми треба, затоа што ги сметам за мој втор дом. Сакам да се сретнам со моите пријатели кои се таму, кои ги познавале“ вели Ѓорѓе Давид за „Блиц“ и додава:
„Страшно е колку клубови се „принаправени“ и добиле дозволи за работа иако не ги исполнуваат деведесет проценти од условите и стандардите и затоа има толку многу жртви. Им кажав на луѓето во Македонија дека треба да се занимаваат со тоа со што се занимаваат, бидејќи државата не се занимавала доволно со тоа. Мислам дека секој што има невалидни дозволи, а на едно око им намигна, ќе треба да одговори и да каже зошто ги имал документите“, вели тој и додава дека целата ситуација дополнително треба да влијае на воспитувањето на децата.
Имам десетгодишна ќерка и знам како ќе постапувам кон неа во иднина и никогаш нема да ја подигнам да ми го постави прашањето „како можат другите да го направат тоа после полноќ, за малите деца нема место во клуб или на улица“. Работите станаа толку лоши што свирките почнуваат по дванаесет часот, што е целосно надвор од мене кога се работи и за публиката и за изведувачите. Не е нормално и сега се отвора вратата од Пандорината кутија и се поставуваат илјада прашања, но никој не може да ги врати тие животи и нема помош за родителите. Не ми се верува дека проклетите пари станаа толку големи што луѓето не размислуваат за луѓето, за своите соседи и дека луѓето се третираат како стока, додека даваат пари. Ако парите се толку важни што клубот не ги исполнил стандардите, тогаш тоа што му ја нападнале куќата, автомобилот, продавниците е сосема нормална реакција од народот. Казната со која се соочува е апсолутно заслужена“, пренесува медиумот.
Ѓорѓе ја откри и моменталната состојба со жртвите во Белград и Ниш.
„Во овој момент многу ми е драго што Србија покажа емпатија и љубов кон соседите и што дел од луѓето се наоѓаат во Клиничкиот центар во Србија. Имам информации од моите пријатели дека луѓето во Белград се во стабилна состојба, но ситуацијата може да се промени. Добив информација и од Македонија дека луѓето кои немаат тешки физички повреди имаат многу сериозни повреди на белите дробови и на некои им откажуваат белите дробови поради количеството на јаглерод моноксид што го вдишувале, што е највисоко ниво на труење. Се надевам дека сите овие луѓе ќе излезат како победници и дека нема да има жртви“, рече Ѓорѓе.
Свет
Трамп: Ќе имаме пријателски односи со Москва и Пекинг

„Русија има предност. Како што знаете, руските сили опколија околу 2.500 илјади украински војници, што не е добро. Сакаме да ставиме крај на тоа“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп рече дека разговорот со Путин поминал одлично, разговарале за многу теми, меѓу кои и патот до мирот.
Според него, рускиот лидер не побарал од Трамп да ја прекине помошта за Киев за ова прашање воопшто не се разговарало.
Трамп изјави и дека американските војници не учествуваат во украинскиот конфликт, во спротивно тој може да ескалира во Трета светска војна.
Кога станува збор за односите меѓу Москва и Вашингтон, американскиот лидер истакна дека економските односи може да се изедначат по завршувањето на конфликтот во Украина.
„Русија има ресурси, на САД им се потребни. Меѓу нив има ретки метали“, нагласи Трамп.
Тој исто така додаде дека Вашингтон планира да ги нормализира односите не само со Москва, туку и со Пекинг.
„Ќе бидеме во пријателски односи со двете земји“, заклучи американскиот лидер.
Како што претходно соопшти Кремљ, претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, одржаа детален и искрен разговор за Украина, пренесува Спутник.
Рускиот лидер позитивно реагираше на иницијативата двете страни во конфликтот да престанат со нападите врз енергетската инфраструктура на 30 дена, се вели во соопштението.