Свет
Големите сили ги заокружија „конструктивните“ преговори за Иран
Претставниците на големите сили од групата „п5+1“ во четврток го завршија, како што го нарекоа, „многу конструктивиниот“ состанок за нови санкции врз Иран поради неговата нуклеарна програма и се договорија „многу бргу“ повторно да се состанат, јавува агенцијата АФП.
„Туку што имавме многу конструктивни консултации. Сега многу подобро ги разбиираме ставовите на секоја од државите-учеснички. Ќе продолжиме со ваквите консултации“, изјави за новинарите кинескиот амбасадор во ОН, Ли Баодонг, по излегувањето од состанокот зад затворени врати. Групата „п5+1“ е сочинета од петте постојани членки на Советото за безбедност на ОН со право на вето: САД, Русија, Кина, Франција и Британија, плус Германија, која не е постојана членка на СБ. Амбасадорите на Франција, Русија и Британија исто така го оценија состанокот како „конструктивен“.Дипломатите од четирите западни земји подолго време се обидуватт да ги убедат своите колеги од Кина и од Русија да ја подржат предлог-резолуцијата на САД за четвртата рунда санкции кон Иран, кои имаат за цел да го натераат Техеран да ја прекине својата програма за збогатување на ураниум. Тие дискутираа врз база на американскиот предлог, кој предвидува санкции во пет области: ембарго за оружје, енергија, транспорт, финансии и наменски казнени санкции против членовите на моќната иранска Револуционерна гарда. Русија и Кина се противат на кави и да е забрани во секторот на инвестиции, како и на санкции кои би предвидувале овластување за заплена на товари за кои надлежните би се посомневале дека имаат врска со иранската нуклеарна програма. Дипломатите, сепак и покрај „конструктивноста“ на состанокот, истакнаа дека не веруваат оти предлог-резолуцијата ќе биде ставена на гласање пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН пред почетоткот на јуни. Претходно, американскиот генерал и стручњак за воено разузнавање, Џејмс Кортрајт, излезе со проценка дека Иран би можел да произведе доволно збогатен ураниум за нуклеарна бомба во рок од една година, но дека најверојатно ја нема потребната научна експертиза за да го доврши оружјето во наредните три до пет години. Западните земји тврдат дека Техеран развива нуклеарна програма за да произведе оружја за масовно уништување, додека Иран тоа го негира и тврди дека програмата е наменета за мирољубиви цели. Властите во Техеран, исто така, тврдат дека земмјата има право да збогатува ураниум според Договорот за неширење на нуклеарно оружје, на кој и самата е потписник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.