Контакт

Свет

Ќе се пребројуваат гласови во Багдад

Објавено пред

Избирачкиот одбор во Багдад во понеделник нареди пребројување на гласовите дадени во престолнинаната на Ирак на парламентарните избори на седми март, јавува агенцијата Reuters

dobivaj vesti na viber

Со ова се зголемуваат можностите за промена на изборните резултати, според кои групата составена од повеќе групации на малцинските Сунити и предводена од поранешниот премиер Ијад Алави, имаше благо водство. Надлежните институции веднаш по одлуката предупредија дека каква и да било ревизија на изборните резултати може да предизвика секташки насилства помеѓу малцинството Сунити и мнозинството Шиити, во време кога Ирак се обидува да се опорави од невидените насилства помеѓу овие две заедници, кои избувнаа по инвазијата од страна на САД во 2003 година. Членот на избрната комисија, Хамдија ал-Хусеини, изјави дека пребројувањето на повеќе од 2,5 милиони гласови ќе започне веднаш, но не можеше да прецизира кога ќе заврши. Престолнината носи повеќе од една петтина од 325 седишта во парламентот, со што е многу привлечна за сите политички играчи. Пребројувањето е на иницијатиива на „Алијансата за правен поредок“ на доскорешниот премиер Нури ал-Малики, кој е Шиит. Иако на изборите, одржани минатиот месец се гледаше како на пресвртница во историјата на земјата, во период кога се потпишуваат договори вредни стотици милијарди долари за издашните резерви на нафта на земјата, тие не дадоа јасен победник. „Листата Иракија“ на  Алави е на првото место, со освоено 91 седиште во парламентот. Оваа сунитска политичка групација популарноста му ја должи на растечкото незадовослтво на Сунитите од се поголемата власт која ја имаат Шиитите во земјата, по падот на дикаторот Садам Хусеин,  кој беше Сунит и со години го малтретираше шиитското мнозинство.„Алијансата за правен поредок“ на Малики освои 89 седишт, додека коалицијата од шиитски сојузници, собрани во „Ирачката национална алијанса“, освои 70 места. Курдското малцинство, кое има речиси целосна автономија на севереот на земјата, доби вкупно 58 седишта. Во периодот по изборите, Малики и Шиитите од „Националната алијанса“ успеаја да се доближат речиси до финален договор, со што ќе го имаа мнозинството во парламентот, но секако многу ќе ги разлутеа Сунитите. Истовремено, иако второпласираниот Алави исто така е Шиит, тој успеа да ги убеди Сунитите дека го почитува нивното барање за поголем удел во владеењето со земјата. Поголемиот дел од Сунитите по последната одлука за пребројување на гласовите се убедени дека Изборната комисија е под влијание на ал-Малики. Комисијата, пак, покрај пребројувањето на гласовите во Багдад, треба да разгледа уште 300 поплаки од целата земја, пред резултатите да бидат прогласени за официјални.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Сведок на ФБИ: Трамп се заканил дека девојче ќе исчезне и ќе го убие нејзиното семејство

Објавено пред

Под закана од кривично гонење за лажно сведочење, сведокот му кажа на ФБИ во 2016 година дека „лично била сведок“ како американскиот претседател Доналд Трамп се заканил дека едно девојче ќе „исчезне“ и дека целото нејзино семејство ќе биде убиено, според документ објавен од Министерството за правда на САД.

dobivaj vesti na viber

Дојавата до ФБИ беше објавена како дел од објавувањето на околу 3 милиони документи за Џефри Епштајн, а ја доставило лице кое го користело псевдонимот „Тифани Доу“. Во неа се наведува наводна закана што Трамп му ја упатил на обвинителот во судска постапка.

„Лично бев сведок како обвинетиот Трамп ѝ кажа на обвинителката дека никогаш не кажува ништо освен ако не сака да исчезне како 12-годишно девојче (името е сокриено) и дека е способен да го убие целото нејзино семејство“, се вели во дојавата на ФБИ, потпишана под закана од кривично гонење за лажно сведочење на 18 јуни 2016 година.

 И Епштајн ми се закани со смрт

Тужителката тврдеше дека била вработена кај Епштајн од 1990 до 2000 година и му кажа на ФБИ дека Епштајн лично ѝ се заканувал на сличен начин како што таа тврди дека Трамп ѝ се заканувал на непозната обвинителка во непозната тужба.

„Епштајн лично ми се закани дека ќе ме убие мене и моето семејство ако некогаш откријам какво било физичко и сексуално злоставување на малолетни девојчиња на кое лично сум бил сведок од Епштајн или од некој од неговите гости“, се вели во извештајот на ФБИ.

„Објавувам јавно под заклетва вистината за физичкото и сексуалното злоставување на малолетни девојчиња на кое лично сум бил сведок од Трамп и Епштајн, вклучително и обвинителот, за време на моето вработување кај Епштајн од 1990 до 2000 година.“

 

Прикажи повеќе...

Свет

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации

Објавено пред

Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави денеска дека Иран отсега ги смета војските на земјите-членки на Европската Унија за „терористички групи“, повикувајќи се на законската регулатива од 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука доаѓа откако министрите за надворешни работи на ЕУ во четвртокот одлучија да ја прогласат Иранска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација, поради крвавото задушување на неодамнешните антивладини протести. Овој потег на Унијата се смета за главно симболичен, со оглед на тоа што ИРГЦ веќе е под санкции на ЕУ поради прекршување на човековите права.

– Европа сака да му угоди на својот господар, Америка, со овие мерки, изјави Галибаф во Парламентот, пренесува ДПА. Видеата објавени од иранските медиуми покажаа пратеници облечени во униформи на ИРГЦ во знак на солидарност, додека дел од нив скандираа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.

Тензиите меѓу САД и Иран се на високо ниво по смртоносното задушување на протестите во земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за демонстрациите и најави „многу силни мерки“ доколку Иран продолжи со егзекуции на демонстрантите. Дополнителни спорови се појавија и околу иранската нуклеарна и ракетна програма, при што Трамп неделава сугерираше можен напад, изјавувајќи дека „масивна армада се движи кон Иран“.

Иранската страна соопшти дека е подготвена да ги продолжи преговорите со САД, но инсистира на целосна контрола врз своите одбранбени капацитети. САД беа првата земја во светот што ја прогласи ИРГЦ за терористичка група во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп. ИРГЦ е елитна воена сила на Иран, која во последните децении значително го прошири и своето социјално и економско влијание преку инвестиции во авиокомпании и хотелски синџири.

Прикажи повеќе...

Свет

Бранови од вештачка интелигенција пристигнуваат на социјалните мрежи, препознавањето станува невозможно

Објавено пред

Социјалните мрежи наскоро би можеле да се соочат со нова, далеку пософистицирана закана – роеви на вештачка интелигенција што ќе шират дезинформации, ќе ги вознемируваат корисниците и ќе влијаат врз демократските процеси. На ова предупредуваат научници, кои велат дека ваквите системи би можеле радикално да го променат начинот на кој се формира јавното мислење во дигиталниот простор.

dobivaj vesti na viber

Според коментар објавен на 22 јануари во научното списание Science, таканаречените „роеви на вештачка интелигенција“ имаат потенцијал да станат ново оружје во информативните војни.

Тешко препознатливи дигитални актери

За разлика од класичните ботови, кои најчесто се примитивни и релативно лесно се откриваат, овие напредни системи можат убедливо да го имитираат човечкото однесување. Тие се способни да се прилагодат на онлајн-заедниците во кои се вметнати, да комуницираат со други корисници и да создадат впечаток на спонтано и автентично дејствување.

Со други зборови, на корисниците може да им изгледа дека пред нив се формира мнозинско мислење, иако во реалноста тоа е внимателно оркестриран процес управуван од вештачка интелигенција.

Замислете ситуација во која ставовите во вашата омилена онлајн-заедница одеднаш почнуваат брзо да се зацврстуваат околу теми за кои до неодамна се воделе жестоки дебати. Луѓето, по правило, имаат тенденција да го следат она што го доживуваат како мнозинско мислење. Проблемот настанува кога тоа „мнозинство“ всушност не постои, туку е создадено од невидлив рој агенти на вештачка интелигенција што дејствуваат во интерес на поединец, политичка партија, корпорација или држава.

Слабост на човечката природа

Како што објаснува коавторот на коментарот, Јонас Кунст, професор по комуникација на норвешкото бизнис училиште BI, луѓето по природа се склони кон конформистичко однесување. Тие често ги прифаќаат ставовите и однесувањата на мнозинството затоа што тоа им дава чувство на сигурност, припадност и социјална коректност – дури и кога не се целосно убедени дека мнозинството е во право.

Иако ретко сакаат да го признаат тоа, многумина веруваат дека ставот што го дели мнозинството има посебна вредност. Токму оваа слабост, предупредува Кунст, роевите на вештачката интелигенција би можеле исклучително ефикасно да ја искористат.

Од манипулација до дигитален линч

Манипулацијата со јавното мислење, сепак, не е единствената опасност. Истите системи би можеле да се користат и за организирано онлајн-вознемирување. Луѓе кои не се согласуваат со доминантен наратив би можеле, наместо од вистински корисници, да бидат нападнати од роеви на вештачка интелигенција.

Таквите координирани напади би можеле да прераснат во своевиден дигитален линч, кој би траел сè додека целта не биде замолчена или целосно избркана од платформата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет17 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија17 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија18 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија22 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет22 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија23 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет23 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет24 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет1 ден

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет2 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија2 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија2 дена

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија2 дена

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет2 дена

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ2 дена

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...