Свет
Ќе се пребројуваат гласови во Багдад
Избирачкиот одбор во Багдад во понеделник нареди пребројување на гласовите дадени во престолнинаната на Ирак на парламентарните избори на седми март, јавува агенцијата Reuters
Со ова се зголемуваат можностите за промена на изборните резултати, според кои групата составена од повеќе групации на малцинските Сунити и предводена од поранешниот премиер Ијад Алави, имаше благо водство. Надлежните институции веднаш по одлуката предупредија дека каква и да било ревизија на изборните резултати може да предизвика секташки насилства помеѓу малцинството Сунити и мнозинството Шиити, во време кога Ирак се обидува да се опорави од невидените насилства помеѓу овие две заедници, кои избувнаа по инвазијата од страна на САД во 2003 година. Членот на избрната комисија, Хамдија ал-Хусеини, изјави дека пребројувањето на повеќе од 2,5 милиони гласови ќе започне веднаш, но не можеше да прецизира кога ќе заврши. Престолнината носи повеќе од една петтина од 325 седишта во парламентот, со што е многу привлечна за сите политички играчи. Пребројувањето е на иницијатиива на „Алијансата за правен поредок“ на доскорешниот премиер Нури ал-Малики, кој е Шиит. Иако на изборите, одржани минатиот месец се гледаше како на пресвртница во историјата на земјата, во период кога се потпишуваат договори вредни стотици милијарди долари за издашните резерви на нафта на земјата, тие не дадоа јасен победник. „Листата Иракија“ на Алави е на првото место, со освоено 91 седиште во парламентот. Оваа сунитска политичка групација популарноста му ја должи на растечкото незадовослтво на Сунитите од се поголемата власт која ја имаат Шиитите во земјата, по падот на дикаторот Садам Хусеин, кој беше Сунит и со години го малтретираше шиитското мнозинство.„Алијансата за правен поредок“ на Малики освои 89 седишт, додека коалицијата од шиитски сојузници, собрани во „Ирачката национална алијанса“, освои 70 места. Курдското малцинство, кое има речиси целосна автономија на севереот на земјата, доби вкупно 58 седишта. Во периодот по изборите, Малики и Шиитите од „Националната алијанса“ успеаја да се доближат речиси до финален договор, со што ќе го имаа мнозинството во парламентот, но секако многу ќе ги разлутеа Сунитите. Истовремено, иако второпласираниот Алави исто така е Шиит, тој успеа да ги убеди Сунитите дека го почитува нивното барање за поголем удел во владеењето со земјата. Поголемиот дел од Сунитите по последната одлука за пребројување на гласовите се убедени дека Изборната комисија е под влијание на ал-Малики. Комисијата, пак, покрај пребројувањето на гласовите во Багдад, треба да разгледа уште 300 поплаки од целата земја, пред резултатите да бидат прогласени за официјални.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.