Свет
Се заканува десет пати посилна ерупција
Ерупцијата Еијафјаллајокул на Исланд кој го парализираше авионскиот сообраќај над Европа беше една од поголемите во последнитет десетици години, но научниците предвидуваат дека тоа може да биде вовед во многу поголема на десет пати посилен и поголем соседен вулкан
Вулканот Катла се наоѓа на само 20 километри од Еијафјаллајокул, а последен пат еруптирал во 1918 г.. Научниците забележале дека последните трипати кога еруптирал Еијафјаллајокул тој предизвикал и ерупција на соседните вилкани, пишува The Christian Science Monitor. Вулканот Катла инаку исто така се наоѓа под глечерот Мирдалскјокул, еден од најголемите на Исланд, а енговата ерупција би можела да предизвика многу поголем и погуст облак од вулкански од што може да има стравични последици, предупшредуваат стручњацитеСе верува дека двата вулкана се пворзани со мрежа од тунели од магма, а познато е дека Катла еруптирана во просек на секои 18 години, па веќе го надминал овој циклус. Професорот на геофизика од ислансдскиот универзитет, Пал Еинарсон изјавил дека заканата од ерупција на Катла е многу реална имајќи ги предвид историските податоци. Ерупцијата на попголем вулкан е застрашувачко сценарио за блиското население, кое може да настрада и од неочекувани големи поплави. И минатонеделната ерупција предизвика топење на глечерите и слевање во големи количества вода и мраз врз блиските населени места, а многу посилна ерупција би имала и многу посилни последици, велат научниците.Тристотините жители на блиското село кое засега е покриено смао со слој од три милиметра вулканска пепел од ерупцијата на Еијафјаллајокул, веќе се подготвуваат за евакуација, пренесуваат исландските медиуми, чија проценка е дека евакуацијата би требала да биде зивршена за два до три часа. Досега биле забележани само мали треперења на почвата околу Катла, за кои научниците сметаат дека се последица од придвижувањето ан глечерите. Но проблемот е во тоа што е многу потешко да се мери и следи активноста на Катла, заради многу подебелиот слој мраз кој го покрива. Затоа и засега изостануваат конретни одговори и прогнози, туку само голема неизвесност.Кутла може да еруптира уште утре, или за сто години, еднсотавно не знаеме, велат исландските научници. Вулканските ерупции се како и земјтотресите, неможмно е да се предвидат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.