Свет
Сурово насилство ја потресува внатрешноста на Колумбија
Убиства, силувања и други насилства присилија десеттици илјади жители на рурална Колумбија да ги напуштат своите домови во текот на изминатава година во тивката војна за која никој не сака да знае, тврди Меѓународниот комитет на црвениот крст (ИЦРЦ), пренесува Reuters
Проблемот беше целосно игнориран од сите кандидати во текот на тековната предизборната кампања за претседател на земјата,тврдат од ИЦРЦ. Најтешко погодени биле домородните заедници и потомците на африканските робови на југот на земјата и долж брегот на Тихиот океан.„Повеќето беа присилени да бегаат поради заканите по нивниот живот. Други, пак, биле подложени на егзекуции или сексуални насилства, а сепак, за поголемиот дел од нивните трагедии никогаш не се известува“, вели главниот претставник на оваа хуманитарна организација за Латинска Америка, Кристоф Бени. ИЦРЦ, со седиште во Женева, има документирано преку 800 случаи на кршење на глобалното хуманитарно право само во последнава година, сите поврзани со борбите во кои учествува и армијата и парамилитантните групи и марксистичките бунтовнци. Овие случаи вклучуваат 28 убиства, 61 директен напад против цивили и 84 исчезнувања. Смртните закани биле наголемо употребувани за да се присилат луѓето да ги напуштат своите домови. Актуелниот претседател на Колумбија, Алваро Урибе, чиј фокус врз уништувањето на бунтовниците го оддалечи конфликтот од градовите, го повика и неговиот наследник да продолжи по истата линија. Негопвиот притисок врз бунтовниците, кои Урибе ги обвини и дека се главните шверцери на кокаин во земјата, резултираше со зголемена безбедност во градовите и на главните патни правци по многу години беззаконие и, од своја страна, придонесе за голем наплив на странски инвестиции во земјата. Но, ниту тој, ниту пак кандидатите за негов наследник некогаш ги споменаа сиромашните, особено од регионите крај границата со Еквадор на југот на земјата и долж брегот на Тихиот океан, кој го истрпеа главниот товар на насилствата. Официјалните бројки на расселени лица, кои најверојатно никогаш нема да се вратат во своите домови се движи околу 3,3 милиони луѓе, во земјата со вкупна популација од 46 милиони луѓе. Од ИЦРЦ, која има многу теренски испостави, преку кои им помага на расселените и жртвите на насилствата, велат дека ушште еден огромен проблем за локалното население се големмиот број на мини расфрлани ширум порнешните и сегашните боишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ.
Регион
Вучевиќ: Верувам во силата на Дачиќ да се избори, и во нашите лекари
Лидерот на СНС и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека е неблагодарно да се зборува за идната здравствена состојба на претседателот на СПС и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и дека тој верува во неговата сила да се избори.
„Неблагодарно е да се зборува. Не можам да кажам ништо друго освен она што го кажаа лекарите, семејството, а ми се чини од разговорот со колегите од СПС, дека е за нијанса подобро од синоќа, но сепак е предизвикувачко“, рече Вучевиќ во гостувањето во емисијата „Фокус“ на Б92.
Тој додаде дека верува во силата на Дачиќ да се бори, во нивните лекари и дека се моли на Бога да му даде на Дачиќ доволно сила да се извлече од сето ова.
Вучевиќ истакна дека настинките не треба да се потценуваат и дека секој треба да слуша што велат луѓето кои се експерти за тоа.
„Ивица Дачиќ има уште едно прашање, тоа е прашањето за дијабетесот, стресот, политиката, сè што ни се случува. Невозможно е да нема последици. Имавме многу предизвици. Минатата година имавме предизвици со Дарко Глишиќ. Овој повик беше направен со голем притисок“, рече Вучевиќ.
Дачиќ беше примен на Клиниката за пулмологија вчера попладне со пневмонија.
Свет
Захарова: ЕУ треба да седне под маса за време на преговорите за Украина
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека претставниците на ЕУ во моментов немаат право да учествуваат во преговорите за решавање на украинската криза и дека затоа мора да останат „под маса“.
„Никој не ве чека вас (Европејците) таму, ниту ве поканиле таму. Не знаете како да се однесувате. Затоа веќе сте биле таму. Излажавте и измамивте, и сте фатени на дело. Затоа седите таму, под маса, и молчите“, изјави портпаролката на руското Министерство, пренесува ТАСС.
Таа, исто така, оцени дека украинската блокада на транзитот преку нафтоводот „Дружба“ ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија, Словачка и цела Европа и дека „неактивноста на Брисел е изненадувачка“.
„Оваа акција на киевскиот режим со право предизвика негодување кај унгарските и словачките власти, кои ги сметаат деталните акции на киевскиот режим за директно кршење на нивниот суверенитет. Во овој контекст, недостасуваше соодветен одговор од европските институции, кои наводно ги штитат интересите на своите земји-членки, и отсуство на каква било реакција на украинските напади врз нафтоводот „Дружба“, рече Захарова, пренесува Танјуг.
Коментирајќи ја посетата на европските претставници на Киев по повод годишнината од почетокот на конфликтот на 24 февруари, Захарова рече дека посетата не донела ништо друго освен „празни фотографии и излитени слогани“ и дека украинскиот лидер Володимир Зеленски „не слушнал јасен одговор за временската рамка за пристапување на Украина во ЕУ“.
„Уште една русофобична десантна група направи политичко поклонение во украинската престолнина на 24 февруари. Нивното пристигнување беше наменето како демонстрација на непоколеблива посветеност на праведната борба на Украина, како што сите ја нарекуваат“, изјави Захарова.

