Свет
Уште едно убиство на бизнисмен во Москва
Во среда доцна навечер во југозападна Москва од непознат напаѓач бил убиен заменик на генералниот директор на компанија која се занимава со претприемништво а има удели и во винопроизводство
Според првичните сознанија на истрагата на московската полиција се верува дека убиството на претприемачот Абдулмеџид Гасанов во ноќта среда на четврток е поврзано со неговиот бизнис.Непознатиот напаѓач стрелал од автомат „калашников“ Porsche Cayenne во моментот додека Гасанов се паркирал пред неговиот дом. Во моментот на убиството во автомобилот се наоѓале и неговата сопруга и малолетното дете, кои не биле повредени во рафалната стрелба.„Се разгледуваат различни верзии од извршеното убиство, при што како најверојатни мотиви се јавуваат поврзаности со претприемачката дејност на на Гасанов“, изјавиле полциски извори за РИА Новости. Според очевидци, напаѓачот кој не бил сам од местото на убиството избегал со теренсоко возило ВАЗ-2109. Во вторник навечер пред својот дом во Москва бил убиен Роберт Маркарјан, основач и сопственик на најголемата руска компанија за детски обувки „Алигаша“. Него исто така пред неговиот дом во вторникот навечер околу 23.30 часот по московско време, истрелал седум куршуми од кои четири во главата. Очевидците тогаш изјавија дека две неидентификувани лица потрчале во пресрет на бизнисменот во моментот кога тој влегувал во дворот од неговиот дом и неколкупати од пиштоли со придушувачи стрелале во него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.
Свет
(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Меѓународниот аеродром во Дубаи беше погоден од дрон.
⚡️ BREAKING: A drone struck Dubai International Airport
People in the city are being evacuated to underground parking lots. pic.twitter.com/EKpwLO37zu
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2026
Градот беше евакуиран по инцидентот. Луѓето се засолнуваат во подземните паркинзи.
Dubai Airport after it was hit by Iranian drone strike.
Several people were injured. https://t.co/IutIoaHa3D pic.twitter.com/Qz7IfW3Xv7
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Како што пренесуваат странските медиуми има повредени лица.
Свет
Трамп: Веруваме дека извештаите за смртта на Хамнеи се точни
Доналд Трамп, одговарајќи на прашања од новинарите, наговести дека извештаите за смртта на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој наводно е убиен во американско-израелски напади, се точни, пишува американската мрежа NBC News.
Кога беше прашан дали добил потврда за овие извештаи и дали верува дека Хамнеи е мртов, Трамп одговори: „Не сакам да коментирам за тоа, но има гласини и разговори дека е убиен“.
Кога беше прашан за неговата реакција на наводната смрт, американскиот претседател рече: „Тој уби многу луѓе. Многу, многу луѓе. Уништи многу животи. Уништи многу семејства и уништи една земја“.
Кога беше прашан како и кога ќе добие потврда за смртта, Трамп објасни: „Па, разговарав со многу луѓе, и не само со нив, и сигурни сме… веруваме дека таа приказна е точна“.

