Свет
Бин Ладен сака да употреби нуклеарка
Поранешниот телохранител на Осама бин Ладен изјави дека Осама „сонувал“ за нуклеарно вооружување, кое, секако, ако успее да го набави и ќе го употреби
Во разговор за арапскиот Ал кудс ал Араби, поранешниот телохранител на Осама, Насер ал Бахри вели: „Осама, ни за момент нем да се помисли околу употребата на нуклеарното оружје“.
САД неодамна предупрефдија дека Ал Каеда во последните 15 години се обидува да дојде до нуклеарно вооружување и дека можноста за нуклеарен теротризам е голема.
„Ал Каеда во последните 15 години се обидува да дојде до нуклеарно оружје и нивната желба е се поголема“, изјави Џон Бренан, советникот за борба против тероризам на претседателот на САД, Барак Обама.
Сепак, смирува Бренан, нема никакви знаци дека Ал Каеда успеала да дојде до нуклеарка.
Ал Бахри зе арапскиот магазин вели дека е горд што работел за така важна личност. „Во случај телохранителите да не можат да го заштитат бин Ладен, нивна задача е да го убијат. Но, тоа би бил голем удар за Ал Каеда, џихадските групи и за муслиманите воопшто“, вели ал Бахри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.