Свет
Северна Кореја криумчари оружје во Иран

Ова обвинување денеска го изрече израелскиот претседател Шимон Перес кој тврди дека Пјонгјанг тајно транспортира ракети во Иран, пренесува Associated Press
Шимон Перес тврди дека Северна Кореја станала своевидна „бесцаринска зона за ракети со долг дострел и нуклеарно оружје“, од каде тоа оружје од во Иран а од таму кон милитантите во Либан и Сирија, но како што нагласува Associated Press не понудил никаков доказ за тоа.Израел веќе подолго време го обвинува Иран дека е најголемата закана заради неговиот контроверзен нуклеарен проект и постојаните закани на Техеран дека поседува оружје со кое може да ја уништи еврејската држава. Перес пред извесно време при престојот во Парис ја обвини Сирија дека тајно му носи ракети „скуд“ на либанскиот огранок на Хезбоах, кои ги отфрлија овие тврдења. Меѓутоа, обвинувањата на Перес во врска со Северна Кореја се совпаѓаат со предупредувањата на западните разузнавачки служби кои се сомневаат дека оваа земја продава раекти, делови од ракети и друго оружје за масовно уништување а државите, како што се Иран, Сирија и Мијанмар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
Свет
Фабрики за оружје во неколку држави отвори Иран

Иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех тврди дека Иран во неколку држави создал инфраструктура за производство на оружје.
Тој не соопшти во кои земји Иран ќе произведува оружје, но најави дека фабриките најверојатно официјално ќе бидат отворени.
Насирзадех наведе пред војната со Израел еден од приоритети на Иран бил развивање на ракети, но оти сега „би можеле да се сменат приоритетите“.