Свет
Тест за владите да зборуваат за корупцијата
На денешниот Ден на слобода медиумите, 3 мај, триесет влади во светот ќе добијат барања за информации поврзани со корупцијата, од „Transparency International“ и од „Access Info Europe“, соопштуваат двете здруженија
Кампањата, „Кажете ни што сте направиле!“, има за цел да покаже дали владите се придржуваат до Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата и другите антикорупциски ковенции. Барањата за добивање информации за тоа што прават владите за да ја спречат корупцијата ќе бидат пратени во исто време од страна на „Transparency International“, како и од „Freedom of Information Advocates Network“ и „UNCAC Coalition“. Резултатите ќе бидат објавени во 2011 година на четвртата конференција на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата во Мароко. „Пристапот до информации е срцето на антикоруциската агенда. Бројните случаи каде моќта е употребена за лични цели, а прикриена од новниари од големи медиуми, покажува дека простапот до информации е од најголемо значење“, вели Џилијан Дел, координатор на иницијативата на „Transparency International“. Основан од ОН во 1993 година, Денот на слобода на медиумите е посветен на „правото да се знае“, или право на граѓаните да имаат простап до информации кои ги имаат јавните институции . „Правото да знаете што знае владата е основно за новинарите, како и за цивилното општество, за да може да се идентификуваа корупцијата, а јавните службеници да бидат пресметливи“, вели Хелен Дарбишир, извршен директор на Access Info Europe.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

