Контакт

Свет

Зошто Кина упорно ја поддржува С. Кореја?

Објавено пред

Андреј Ланков, политички аналитичар и колумнист на угледниот корејски дневен весник Кореа Тимес ја анализира последната посета на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ил на Пекинг и можните последици, како што е враќањето на Пјонгјанг на шестпартитните преговори, па дури и можните промени на режимот

dobivaj vesti na viber

И така, по неколку месеци непотврдени гласини и неколку лажни извештаи, Ким Јонг-ил конечно пристигна во Кина. Овој пат, неговата посета предизвика многу очигледна нервоза во Сеул. Сомнежите за вмешаноста на Пјонгјанг во катастрофата во Чеонан (неразјаснетото потонување на јужнокорејскиот воен брод во заливот Чеонан, при што загинаа околу 50 морнари, заб. Форум) растат, па така некои јужнокорејски политичари во спремноста на Кина да го покани севернокорејскиот лидер препознаа премолчена поддршка на политиката на Пјонгјанг.Ова доведе до вистински излив на критички изјави кои, секако, немаа никакво влијание врз однесувањето на Кина. Да разјасниме веднаш: и покрај сета реторика за „вечно пријателство“, Кина воопшто не е обожувател на режимот на Ким Јонг-ил и постојано трпи нервози од антиквитетното однесување на Северна Кореја. Кина не сака Пјонгјанг да стане нукеларна сила, бидејќи ширењето на нуклеарното оружје ја загрозува привилегираната позиција на Кина на „легитимна“ нуклеарна сила. Кина, исто така, е загрена дека севернокорејската нуклеарна програма ќе поттикне нуклеарна трка во вооружување во Источна Азија, што ќе доведе до создавање на нуклеарна Јапонија, па дури и на нуклеарен Тајван. Згора на сето ова, Кина со право економскиот систем на Северна Кореја го смета за ирационален и непродуктивен.Како и да е, Кина ја поддржува Северна Кореја. Во текот на изминативе неколку години, кога јужнокорејската и американската помош пресушија, гладта во Северна Кореја беше спречена токму благодарејќи на бесплатните или субвенционираните пратки на жито од Кина. Кина е најголем инвеститор и трговски партнер на Северна Кореја. Зошто Кинезите продолжуваат да инвестираат пари во поддршка на режим кој не им се допаѓа нешто особено и на кој не гледаат како на доверлив сојузник?Од време на време, некои луѓе во Вашингтон или во Сеул ќе ја изразат својата надеж дека Кина може да се убеди да престане да го поддржува Северот или да ја употреби својата наводна моќ врз Северна Кореја за да влијае на политиката на Пјонгјанг (како, на пример, да ја притисне да се денуклеаризира). По вториот нукеларен тест во 2009 година, Кина одлучи да ги поддржи санкциите на ОН и веднаш се појавија наводи дека „Кина конечно се качила во истиот чамец со САД“. За жал, ова се само пусти желби. Кина не е во истиот чамец и никогаш нема да биде. Постојат добри причини зошто Кина го поддржува Северот и овие причини, најверојатно, ќе останат во сила во блиската иднина. Да, Кина не сака земја од нејзиното соседство да се здобие со нуклеарно оружје. Ниту, пак, им се радува на воените провокации од каков и да било вид. Сепак, постојат две други грижи кои и’ се многу поважни на Кина, во смисла на одржување на стабилноста на регионот, но и на поделеноста на Кореја. Стабилноста е клучен збор за кинеската политика. Кина е сконцентрирана на економскиот раст и има потреба од мирно и предвидливо опкружување, за да не го загуби фокусот врз оваа цел. Оттаму, каква и да е криза во непосредното опкружување на Кина е анатема за кинеските стратези и треба да се одбегне по секоја цена.Уште една, навидум не толку важна цел на Кина е да ја одржи Кореја поделена. Ако се земе предвид тековниот баланс на моќта, обединувањето на двете Кореи најверојатно ќе доведе до апсорпција на осиромашениот Север од страна на богатиот Југ. За Кина тоа значи појава на уште посилен сојузник на САД, или барем на уште една „неконтролирана демократија“ и тоа токму на нејзините граници. Кина може да го преживее таквиот тек на настаните, но повеќе би сакала Северна Кореја да остане како еден вид стратешки браник. Но, за да се оствари вистинско влијание врз Северна Кореја, тогаш мора да се игра цврсто. Суптилните мерки нема да имаат ефект, бидејќи севернокорејската влада не се грижи нешто особено ниту за економијата, дури ни за голиот опстанок на нејзиното население. За да оствари влијание, Кина ќе мора речиси целосно да ја затвори границата и да ја сопре сета трговија со Северот. Еден јужнокорејски дипломат проблемот многу убаво го објаснува со следнава алегорија: „Кога е во прашање справувањето со Северот, Кина нема моќ. Кина има чекан“. Но, Кина мора да има многу добра причина за да замавне со тој чекан, бидејќи таквиот ектремен притисок може лесно да доведе до колабирање на системот. Ваквото колабирање ќе доведе до многу експлозивна ситуација. Толпи од бегалци, нуклеарното оружје и материјали ќе завршат на црниот пазар, безбројни дипломатски компликации – ова не се проблеми со кои Кина сака да се соочи во моментов. Конечно, колапсот најверојатно ќе доведе до обединување на Кореја, што не е најпосакуван краен резултат во Пекинг. Затоа, Кина повеќе сака да потроши дел од нејзините ресурси за да го одржи севернокорејскиот режим во живот и да го задржи статус квото или барем да ја одложи кризата од поголеми размери. Кина исто така сака да го минимизира ризикот од тоа Северна Кореја да биде инволвирана во исклучително опасни акции, но оваа цел е од секундарно значење.Според сета веројатност, овој пат ќе видиме уште една реприза на старата игра. Кина ќе инсистира Северна Кореја да се врати на шестпартитните преговори (проектот-милениче на Пекинг) и да почне да се воздржува од провокации. Ким Јонг-ил ќе го истакне своето суверено право да ја води својата држава онака како што сака, додека се обидува да „ископа“ колку помош може да се „изгребе“ за неколку небитни отстапки од негова страна. Аферата „Чеонан“ најверојатно воопшто нема да биде предмет на дискусија – дури и Кинезите да го споменат тоа прашање, Северот ќе ја негира вмешаноста и ќе тврди дека сите обвинувања се резултат на „плукачката кампања која ја водат воените хушкачи во Сеул“. И што ќе буде вкупниот изход? Веќе, можеби, се наѕираат контурите на можниот договор: Северна Кореја ќе вети дека ќе се врати на шестпартитните преговори, а Кина ќе ја награди со помош и со субвенционирана трговија. Така Кина ќе биде задоволена и од тоа што ќе си го задржи и меѓународниот престиж и стабилноста во своето соседство, а долго одложуваните преговори конечно ќе продолжат за некое време, се’ до следната криза. Дали од разговорите некогаш ќе произлезе очекуваниот резултат, „комплетната и потврдена елиминација на севернокорејската програма за нуклеарно оружје“? Секако, не. Но, не ли беше тоа јасно уште пред многу години?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека

Објавено пред

Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.

dobivaj vesti na viber

Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.

Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.

Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.

Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.

Прикажи повеќе...

Свет

Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани

Објавено пред

Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.

dobivaj vesti na viber

Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.

Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.

На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.

Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Објавено пред

Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.

Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.

Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија4 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија5 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ8 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија8 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет10 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет10 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет11 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион11 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет11 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија22 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија22 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија23 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...