Контакт

Свет

Манекенство и – шпионажа

Објавено пред

Убава Русинка пред објектив на тајна камера намамила многу јавни личности, особено со цел да ги дискредитира критичарите на политиката што ја води Кремљ, беше тема на неколку прилога на западните портали

dobivaj vesti na viber

Во еден од прилозите беше напоменато дека девојката позната како Катја, всушност Екатерина Герасимова во последно време е во центарот на вниманието на повеќе руски и западни медиуми. Според нив, Герасимова била добро извежбана во техниката на заведување, инаку прастар медот во шпионажата кој очигледно секогаш дава добри резултати, а притоа користејќи се со сексот и дроги. Советската тајна служба КГБ, порано со вакви инкриминирачки снимки ги уценувала политичките противници и опонентите, и не е мал списокот на странски политичари чии имиња во последно време се објавуваат како нејзини некогашни соработници. На пример, минатата година изби голем скандал кога британскиот конзул во Москва беше тајно снимен со една од овие девојки „на задача“, а снимките беа објавени во ударните вести на русите телевизии. Сега фотографии на мажите во компромитирачки за јавноста пози со неодоливата Катја на големо се лиферуваат во руските портали а неодамна такви фотографи објави и Novaya Gazeta.Неодамна на неа „падна“ главниот политички уредник на руското издание на Newsweek, Михаил Фишман. Фотографии и снимки како шмрка кокаин по сексуален однос со Катја влијаеја врз релевантноста на реномираниот магазин.Исто така, по обелоденувањето на вакви снимки, бил жртва и Виктор Шендерович, новинар и политички сатиричар голем критичар на актуелната руска власт, кој е оженет и има едно дете, тој мораше јавно да ја признае својата слабост кон Катја.Во нејзината мрежа паднал и лидерот на новата бољшевистичка партија, пренесуваат руските медиуми, кои претпоставуваат дека девојката наскоро ќе исчезне од јавноста.Американскиот портал buzzfed наведува дека Герасимова изгледа како убава сосетка, но дека таа е една од највештите тајни руски агентки, нарекувајќи ја Мата Хари на денешницата која а кус период успеала да искомпромитира најмалку шест значајни противници на Кремљ. Меѓу нив се Едуард Лимонов, лидер на Другата Русија која е жесток противник на рускиот премиер Владимир Путин, Александар Поткин, лидер на Движењето против илегалните имигранти а се пртпоставува дека има уште многу други, новинарот Димитриј Орешкин.  Дури и една од руските рок легенди, Јури Шевчук изјавил дека очекува наскоро видоа материјал за него и Катја да се појави на веб-порталите. Тој за Moscow Times изјавил дека е убеден оти станува збор за тајна агентка која ги има за цел опозиционите политичари и новинарите, потсетувајќи на серијата компромитирачки материја поставени на интернетОваа афера инаку потекна од лидерот на движењето Солидарност, Иља Јашин кој исто така минал ноќ со Катја но кога забележал кокаин и сексуални реквизити го напуштил апартманот. Според магазинот, Јашин испратил барања до истраќните органи за спроведување истрага за потеклото на серијата компромитирачки материјали на интернет, зашто според него тоа е кршење на приватноста на поединецот, како и нелегално дистрибуирање порнографија.Јашин ја идентификувал жената како Екатерина Герасимова, за која тврди дека работи за манекенската и ескорт агенција OrangeDisco од Москва. Тој додава дека во изнајмениот стан имало и друга жена која ја идентификувал како Анастасија Чукова. И тој смета дека негови снимки наскоро може да се појават на интернет.Тој се сомнева и дека зад сето тоа стои младинската група Наши, бидејќи на нејзината веб-страница во март се појавиле снимки како споменатите Орешкин и Фишман се обидуваат да подмитат сообраќајна полиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Објавено пред

Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

dobivaj vesti na viber

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан

Објавено пред

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави  дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.

Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Прикажи повеќе...

Свет

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Објавено пред

Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ30 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија48 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет3 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет3 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион4 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет4 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија15 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија15 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија16 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија18 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија23 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...