Свет
Бројот на повредени во судирите во Џалал-Абад достигна 28 лица
По судирите во Џалал-Абад во провинциската болница се донесени речиси 30 жртви, вклучувајќи и повредени со огнено оружје, пренесе агенцијата „24.kg“, изјавил директорот на болницата директор Абди Шамшиев
Џалал-Aабад е мало место инаку роднито град на соборениот киргиски претседател Курманбек Бакиев. Во петок се случиле судири меѓу неговите поддржувачи кои се собрале на митинг во негова поддршка, и поддржувачи од најголемата партија во републиката, Ата Мекен, која е предводена од заменик-претседателот на привремената влада Омурбек Текебаев.Портпаролот на Министерството за здравство на Република Светлана Baјтикова потврди до рани 24 лица за време на немирите во централниот дел на плоштадот. „Во моментов во обалсната болница се наоѓаат 28 повредеи, од кои тројца се подложени на операции, а на другите им е пружена итна медицинска нега“, изјавил директот Абди Шамшев за руската агенција РИА Новости, кој негирал дека има загианти. Претставникот на Комитетот за заштита на екс-претседателот на Киргистан, Курманбек Бакиев, Зухар Молдокулов изјавил дека истрелите во центарот на Џалал-Абад, дошел до припадници на на про-владината партија, Ата-Мекен, и дошле до зграда на локалната администрација. За ова Бакиев вели дека има потврда на видео снимките, наведува агенцијата АКИ-press. Според некои податоци, демонстрантите од страна на партијата Ата-Мекен, ги предводел братот на вицепремиерот, Омурбек Текеваев. Во средата противници на новата влада и поддржувачи на екс-претседателот во егзил Бакиев, одржаа митинг на Стариот плоштад на престолнината Бишкек, пред зградата на парламентот. Во четвртокот наутро, поддржувачи на Бакиев продреа во зградите на админситративните власти во трите јужни провинции, во Ош, Џалал-Абад и во Баткен, а напнатата ситуација владее и во петокот наутро, пренесуваат руските агенции. Поддржувачите на Бакиев најавија дека во петок десет илјади луѓе на митинг во Џалал-Абад, кои почнале да се собирата пред владините канцеларии во регионот. Привремената влада на Киргистан дојде на власт на 7 април, откако опозицијата организираше протести. Дотогашниот претседатело Курманбек Бакиев ја напушти земјата, а новата привремена влада предводена од Роза Отумбаева го распушти парламентот најавувајќи почеток на уставните реформи со кои според нив Киргистан би станал вистинска парламентарна држава, а парламентарните избори ги закажа за 10 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

