Свет
Нападнат конвојот на јеменскиот претседател
Бунтовниците во сабота дозна навечер го нападнале конвојот на претседателот на Јемен, при што загинал еден офицер а тројца биле ранети, потврдил за Associated Press, вицегувернерот на провинцијата Лахаџ
Според вицегувернерот Касам ал-Афифи, во престрелката бил убиен и еден од напаѓачите. Претседателот Али Абдал Салех не бил во конвојот, нагласил ал-Афифи. За нападот тој ги обвинил сепаратистите од јужниот дел на Јемен.Во четвртокот во заседа падна и конвојот на вице-премиерот на Јемен, но тој не беше повреден.Во последните месеци јужниот дел од земјата е зафатен од бран антивладини насилства кои ги презема „Движењето на југот“, коалиција од политички сили чии барања одат од економски и социјални реформи до целосна независност.Југот на Јемен, Народна демократска република Јемен беше независен ентитет од 1967 до 1990 г. Од 1994-та држава ја зафати граѓанска војна во која Југот повторно бара своја независност. Но многу брзо вооруженото востание беше задушено од војската на Северот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

