Свет
Иран се согласи на размена на нуклеарно гориво
Иран, Бразил и Турција во понеделник потпишаа договор за размена на нуклеарно гориво, со што треба да се намали загриженоста на меѓународната заедница во врска со атомските амбиции на исламската република и да се одбегне новата рунда санкции врз Техеран, јавува агенцијата Reuters
Договорот бил постигнат на разговорите кои викендов бразилскиот претседател Луиз Инацио да Силва и турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган ги водеа со иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад во Техеран. Официјален Иран соопшти дека се согласил да замени 1.200 килограми од својот ниско збогатен ураниум за повисоко збогатено нуклеарно гориво, кое би било наменето за иранскиот медицински истражувачки реактор. Според изјавата на портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст, размената ќе се одвива во Турција. Иран ветил дека ќе го испрати нивното гориво во рок од најмногу еден месец, а целата операција ќе се одвива под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија. Претходно Иран, кој ги отфрла обвинувањата на меѓународната заедница дека сака да создаде нуклеарно оружје, инсистираше размената на горивото да се одвива на негова територија. Иранскиот претседател Махмуд Ахмединеџад ги повика шесте светски сили, кои ја сочинуваат групата 5+1 (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија) задолжена за контрола на иранската нукеларна програма, да ги обноват преговорите со Иран по склучувањето на договорот за размена на горивото.„По потпипшувањето на договорот за размена на нукеларнотѕо гориво, време е земјите-челенки на „5+1“ да седнат на преговори со Иран, кои ќе бидат базирани на чесност, правда и меѓусебно почитување“, рече Ахмединеџад. Вашингтон, кој ги предводеше напорите на меѓународната заедница за воведување на нови санкции кон Техеран, за сега не излегува со официјална реакција. Турција и Бразил, и двете непостојани членки на Советот за безбедност, самите се понудија да посредуваат при изнаоѓањето на решение за застојот. Нивната иницијатива беше оценета како последна шанса да се избегне четвтртата рунда санкции кон Техеран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ова не се памети од пандемијата: стотици илјади патници заглавени низ целиот свет
Стотици илјади патници се блокирани низ целиот свет откако клучните воздушни центри на Блискиот Исток беа затворени по нападите на САД и Израел врз Иран. Уште 100 летови беа откажани во понеделник, со што се прошири хаосот во глобалниот воздушен сообраќај и се влошија работите за патниците. Ова е најлошиот удар врз авијацијата од пандемијата Ковид-19, пишува The Guardian.
Главните аеродроми на Блискиот Исток, вклучувајќи го и Дубаи, најпрометниот меѓународен центар во светот, беа затворени трет ден по ред. Според платформата за следење на летови FlightAware, речиси 2.800 летови беа откажани во саботата и 3.156 во неделата. Само во раните утрински часови во понеделник, веќе беа откажани 1.239 летови. Emirates од Дубаи, Etihad Airways од Абу Даби и Qatar Airways од Доха откажаа стотици летови, додека други превозници како Air India, исто така, ги суспендираа услугите во регионот.
„Нема светла страна за патниците“, рече Хенри Хартевелдт, аналитичар за авијациската индустрија и претседател на Atmosphere Research Group. „Тие треба да бидат подготвени за одложувања или откажувања во следните неколку дена, додека нападите се одвиваат и се надеваме дека ќе завршат.“
Глобални последици од конфликтот
Според страницата за следење летови Flightradar24, воздушниот простор над Иран, Ирак, Кувајт, Израел, Бахреин, ОАЕ и Катар остана во голема мера празен во понеделник.
Последиците се чувствуваат далеку над Блискиот Исток, со патници заглавени на дестинации од Бали до Франкфурт. Конфликтот се прошири и во Либан, каде што Израел изврши воздушни напади откако Хезболах испука ракети, затворајќи голем дел од воздушниот простор на регионот. Дополнително на проблемот е што екипажите и пилотите сега се расфрлани низ целиот свет, што го отежнува продолжувањето на летовите откако ќе се отвори воздушниот простор.
Додека повеќето патници се борат да пристапат до информации, супербогатите наоѓаат алтернатива. „Саудиска Арабија во моментов е единствената реална опција за луѓето кои сакаат да го напуштат регионот“, изјави за Семафор Амир Наран, извршен директор на брокерската куќа за приватни авиони Vimana Private, проценувајќи дека цената на лет со приватен авион од Ријад до Европа може да достигне до 350.000 долари.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“.
Видеото го прикажува моментот на нападот.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

