Свет
Шест убиени во судирите во Јемен
Во судирите кои избувнаа во вторник откако беа зивршени воздушѓни напади врз припадници на Ал Каеда, во Јемен биле убиени шест лица, јавуваат новинските агенции
Еден разузнавачки извор за Reuters изјавил дека нападот бил извршен ноќта во понеделник кон вторник во провинцијата Мариб, на 200 километри од главниот град Сана. Во битките што уследиле од вторник наутро, бил убиен главниот секретар на локалниот племенски совет и двајца негови телохранители.Припадниците на локалните ограноци на Ал Каеда направија сојуз со помоќните племиња во регионот кои даваат отпор на владата во Сана. Авионските напади инаку уследија откако во понеделникот од страна на припадници на едно од племињата беа грабнати двајца американски туристи кои патувале во Јемена.Како што пренесуваат западните агенции, серијата судири започнала откако племенските водачи биле шокирани кога виделе дека во нападите на воените авиони биле уништени државните објекти. Авионите на јеменската влада врз зградите истрелеле повеќе проектили, сметајќи дека во нив се кријат припадниците на Ал Каеда, соопштиле воени извори.Ал Каеда за Арапскиот полуостров како дел од глобалната терористичка мрежа што ја води најабраното лице на палнетата Осама бин Ладен, е формирана минатата година со спојувањето на саудиската и јеменската исламистички групации кои беа блиски со Ал Каеда. Оттогаш оваа групација стана мнопгу поактивна и поопасна, па јемнескат влада по барање и со поддршка од САД презема офанзива за нејзино разбивање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

