Свет
Во судирите на Јамајка убиени најмалку 44 цивили
Независни службени извори од Јамајка потврдиле дека најмалку 44 цивили загинале во нападот на полцијата врз бастионот на наркобосот Дудус кој треба да биде испорачан на САД
Независни службени извори од Јамајка потврдиле дека најмалку 44 цивили загинале во нападот на полцијата врз бастионот на наркободот Дудус кој треба да биде испорачан на САД Владата на Јамајка побарала од адвокат и еден посредник да ги проценат бројките на жртвите и ранетите, како и причинетите штети во судирите меѓу полциските сили и припадниците на бандата и платениците на нарко осот Кристофер Кок познат како Дудус.Адвокатот Ерл Вајтер и псоредникот Хиро Блер утврдиле дека на местото на нападот смртно настрадале 44 цивили, пренесуваат американските медиуми.Два камиона во вторникот навечер истовариле околу 50 тела во Државната болница во Кингстон. Третиот камион, во кој имало 12 тела, пристигнал на местото во средата а меѓу мртвите имало и едно бебе.Јамајканските безбедносни сили веќе неколку денови водат буквално битки со вооружените припадници на бандата на еден од најопасните криминалци и трговци со дрога во светот. Владата во Кингстон треба да го приведе и израчи на САД каде е обвиент за трговија со дрога и оружје. Кок во САД го очекуваа судење а доколку биде осуден спроед обвиненијата, ќе добие повеќедецениска затворска казна. Жариште на судирите е квартот Тиволи гарденс каде израснал легендта на реге музиката, Боб Марли.Во текот на вторник вооружените судири се проширија и во другите сиромашни квартови на Кингстон и во предградијата. Центар на судирите е Тиволи гарденс, но платениците повремено ги напаѓаат полицајците и во другите делови од градот. Министерот за безбедност, Двајт Нелсон изјавил дека полицијата ја има ситуацијата под контрола, иако медиумите известуваат дека се нападнати и повеќе полициски станици, меѓу кои е и главната полициска станица во престолнината. Инаку криминалците уште во неделата навечер почнаа со нападите врз полицијата.Кок ја црпи моќта од својата поврзаност со владејачката партија и е еден од локалните водачи. Платениците се всушност неговата приватна војска, која е формирана во 1970-ите кога Лабуристичката партија на која и е близок Кок, како и другите партии на Јамајка формираа свои паравојски за да си обезбедат добри резултати на изборите. Во меѓувреме бандите ја преземаат трговијата со дроги но и натаму остануваат лојални на партиите кои ги основаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

